Вести Економија

Владините антикризни мерки тема на Економско-социјалниот совет

Економско-социјалниот совет денеска одржа седница на која се дискутирало за даночната реформа, годишниот Извештај за работата и функционирањето на Економско-социјалниот совет за 2021 година, иницијатива за ратификација на три конвенции на МОТ за БЗР во три сектори – рударство, градежништво и земјоделство, како и за барањето за надминување на последиците предизвикани од високите сметки за електрична енергија во компаниите.

На седницата на ЕСС учествуваа и претставници на нерепрезентативните синдикати и бизнис конфедерацијата на Македонија. Покрај редовните точки од дневниот ред, во фокусот на седницата беа антикризните мерки на Владата, како и предлог мерките од страна на социјалните партнери, кои понатаму по нивно допрецизирање, по заклучок на ЕСС ќе бидат доставени на разгледување од страна на Владата, соопштија од Министерството за транспорт и врски.

Според министерството, министерката Јованка Тренчевска, ги уверила членовите на Економско-социјалниот совет дека имајќи ги во предвид актуелните состојби во државата седниците на советот ќе се реализираат зачестено.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната – стапува на сила веднаш

Дејан Дејан

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе