Вести Економија Најважни

РЕК- Битола ги отвори вратите на термоелектраната за медиумите

На 25 хектари површина се простира најголемиот домашен капацитет за производство на електрична енергија РЕК Битола. Капацитетот е изграден во далечната 1980 година и по 42 години сѐ уште е клучен за снабдувањето на Македонија со струја.

Производството на електрична енергија е со горење на јаглен, а за да биде тоа возможно се двата рудника Суводол и Брод Гнеотино, од каде РЕК Битола се снабдува со овој енергенс.

Дневната потрошувачка на јаглен кога комбинатот е во полн погон со три блока е околу 18 илјади тони, односно по шест илјади тони по блок.

За да се продолжи рокот на употреба на РЕК Битола ЕСМ отвара уште еден рудник Живојно, од каде надлжените очекуваат испорака на еден два милиони тони јаглен годишно кои ќе ги надополнат постоечките 4 од Суводол односно 1 од Брод Гнеотино. Меѓутоа на овие капацитети веќе им се гледа крајот.

Ова е внатрешноста на РЕК Битола, Трите Блока од кои што зависи дали домаќинствата зимово ќе имаат струја или не. Првиот блок во моментов се ремонтира, а во погон е само вториот блок. Ремонтот се очекува да заврпи до крајот на оваа недела.

Десетина инженери будно го следат процесот на работа на Блокот 2 на мониторите пред нив. Како што може да се види, во моментов тој произведува нешто над 172 мегавати струја.

На депонијата во моментов има околу 200 илјади тони јаглен залиха, кои надлежните ги дополнуваат со јагленот кој се увезува од Албанија и Грција и се меша со домашниот за да биде зголемена калоричноста.

 

Директорот на ЕСМ Васко КОвачевски и раководството на РЕК Битола се уверени дека во претсотјниот период капцитетот ќе работи со максимум сила и ќе ја испорача барана колиина струја потребна за домачинствата, училиштата и околу 72 илјади компании

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе