Вести Економија Македонија

Барање на бизнис заедницата: Не е време за оптоварување на компаниите со дополнителни даноци

Не е време компаниите да се оптоваруваат со дополнителни даноци. Со ова барање влезе бизнис заедницата на економско социјалниот совет во Министертвото за труд. Властите најавија дека новата даночна реформа ќе важи од следната година. Какви промени ќе има кај даноците сè уште не се знае.

Но, од бизнисот сметаат дека даночната реформа треба да се одложи за некои подобри времиња, затоа што компаниите во моментов имаат доволно проблеми поради економско- енерегетската криза. Стопанствениците бараат и веднаш да се продолжи мерката со која се државата ги субвенцинира придонесите за платите, а која важи до крајот на месецов.

Синдикатите, пак, повторно ги повторија барањата за кои велат и покрај тоа што ги испорачуваат на секој состанок, не им се прифатени. Револтирани се и поради тоа што се бара да се кратат оние плати кои го надминуваат државниот просек, а не се согласуваат ниту со предлогот на опозицијата за недела како неработен ден да се замени со друг ден.

Денеска требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија на граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе