Вести Економија

Азески: Да се дозволи фирмите и граѓаните да купат дел од акциите на ЕСМ

„Најевтина струја е таа која што ќе си ја произведеш сам“, порачува претседателот на Стопанската комора, пред да упати критика затоа што државата не го искористи периодот за да го зголеми домашното производство. Стопанствениците имаа неколку предлози за владата, меѓу кои се формирање на заеднички фонд за набавка на енергенси, и да се дозволи купување на дел од акциите на ЕСМ од страна на компании и физички лица. Со тоа, според Азески, сите би имале интерес од доброто функционирање на АД ЕСМ.

Сега ни беше кажано на Економскиот совет дека ќе се стави вториот котел на ТЕЦ Неготино во функција, дека до крајот на годината ќе стартува и третиот блок на РЕК, дека се преговара со ТЕ-ТО, за можеби не целесно, но толку гас колку што ќе се обезбеди и дека таа енергија ќе биде ставена на располагање на индустријата. Меѓутоа, сето тоа се долги процеси кои што бараат ангажмани претходни, значи ќе добие тој што навреме ќе ја почувствува кризата и ќе одигра потег. И затоа ние уште сега размислуваме како наредната година би можеле со некаков фонд, кој што може да интервенира во момент кога енергенсите ќе се на берзите најефтини, да се справиме со тоа. Да здружиме наши средства, да здружиме државни средства и да го направиме тоа, предлага Азески.

Кај стопанствениците уште пред една година имало идеја, доколку владата не успее навреме да ја реши енергетската криза, тие самите да соберат средства и поради набавка на поголема количина, да добијат пониска цена. Предлогот повторно бил даден пред 7 месеци, кога цената била 118 евра, се сеќава Азески.

Тогаш тоа се сфати како некоја недоверба кон државата, кризата уште не беше ексалирана, да почекаме, да бидеме коректни, итн. Меѓутоа, сега е веќе јасно дека ние ќе прибегнеме и кон сопствени мерки. Покрај тоа што ќе предложиме некои мерки, ќе преземеме и сопствени мерки кои што се однесуваат на овие работи, навреме да ги претркаме. Ова се берзански работи, овде нема играчка, дециден е Азески.

Се разгледуваат два начини како стопанството би можело да закупи поефтина струја, формирање на заеднички фонд или пак би влегле во некекви сопственички структури на компании кои што продаваат струја.

Двете работи се во игра. Едната е, нашиот предог е долгорочно да се размисли да дел од капиталот на ЕСМ да биде отстапен, односно да се направи акционерска структура, тоа и така е акционерско друштво, да се дозволи влез на фирмите и граѓаните. Со што би се направиле и контрола, со влез во органите на управување би се направиле и контрола на тоталната партизација која што таму постои, а би се врза и нашиот интерес за неговото работење, смета Азески.

Според него во штедни вогови во банките граѓаните моментално чуваат 7 милијарди денари. Доколку ЕСМ дели повисоки дивиденти, тие би ги префрлиле средствата таму, сите би имале интерес за доброто работење на компанијата.

Втората работа, според претседателот на комората е создавање на посебен фонд, со државата, или самите, преку кој што ќе може да се интервенира со купување на други енергенси.

Ако сакаме добивка, мораме да преземеме ризик, порачува Азески.

Не можеме ние со држење говори да обезбедуваме профити и да решаваме кризни ситуациии. Ние мораме да излеземе со необични решенија, дециден е Азески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жители на Ореовец ја спречуваат Бехтел и Енка во изградба на автопатот Прилеп-Битола

Дејан Дејан

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе