Вести Економија Најважни

Владата уверува дека и со и без ТЕ-ТО скопјани ќе се стоплат

И без ТЕ-ТО граѓаните од први ноември ќе имаат парно греење. Од владата уверуваат дека и да не работи оваа а централа, топланите Исток и Запад имаат доволно капацитет да ги покријат  потребите од толинска енергија за околу 60 илјади домаќинства кои се приклучени на градско парно. Во моментов обезбеден е гас за овие две топлани за две неделни, односно до крајот на октомври. Но, од владата уверуваат дека и за наредните месеци се обезбедуваат енергенси.

Сакаме да го заштиме буџетот на државата и да се земе оној енергенс кои има најдобра цена и да внимаваме за заштитата на животната околина, имаме комуникација и со коморите, но и со добавувачите на енергесите и кои ги исполнуваат сите услови за работа, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Сѐ уште е непознато каков договор ќе се постигне со ТЕ-ТО. Но, од Владата уверуваат дека во моментов за големите фирми кои купуваат струја на отворен пазар, поевтино е да ја набават од надвор, отколку истата  да ја произведе ТЕ-ТО.

ако ги земеме во предвид цените во мометнов на природен гас и се 1.500 евра по 1.000 кубни метри цената на струја од те-то ќе биде 280 евра за мегават час. влезете во хупекс, цената е 200 евра, компаниите подобро да увезат струја отколку да преработи Те-то со повисока цена, вели Крешник Бектеши, министер за економија

Иако, минатата недела поради просечните температури, граѓаните требаше да добијат парно греење и пред 15 октомрви, тоа не се случи. Со топли радијатори се разбудија само околу 500 домаќинства приклучени на топланата Скопје Север. Во изминатиот период владини преставници посетија и неколку држави каде преговараа за набавка на струја и на гас . Но, до сега официјален договор за тоа нема. Во следните два дена минстерот Бектеши ќе замине за Прага каде министрите за енергетика на ЕУ и на Западен Балкан ќе дискутираат за стабилно снабдување на државите со потребните енергенси.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе