Вести Економија Топ вести

Граѓаните бараат повеќе пари од државата – кризата го изеде буџетот и веќе се крати на сѐ

Кризата го изеде буџетот на граѓаните и од тоа нема враќање. Луѓето се свесни за тешката зима и месеци коишто следат, а помошта од државата е мала и недоволна, но и добредојдена. Ова го коментираат луѓето пред нашата камера, запрашани што мислат околу одлуките на властите да доделуваат одредена сума на сметките на најзагрозените категории граѓани.

Сетот мерки за државна помош беше објавен вчера. 750 денари месечно од ноември до февруари се наменети за втората категорија на пензионери, а оние со најниски пензии ќе земаат двојно повеќе, 1500.

Јас спаѓам во богатите со 19 илјади пензија. Не добивам државна помош. Сопругата да не работи со минимална плата, не знам како ќе го преживееме месецот од крај до крај, а земам и пари на заем од мајка ми за да истераме. Нам не нѝ следува помош бидејќи сме во друга категорија и тоа според мене не е исправно. Би требало да се води различна политика бидејќи инфлацијата на секого влијае исто. Јас ако порано сум купувал четири килограми сирење, сега земам килограм и половина, ни изјави еден граѓанин.

Здруженијата на пензионери ја поздравувааат одлуката на Владата, но бараат и дополнителни одлуки. Освен централната власт и локалната да се вклучи во помошта за највозрасните, повикува претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери, Станка Трајкова.

Во сите домени, секогаш важи правилото дека може подобро и дека може повеќе. Меѓутоа, тоа што се бара треба да биде остварливо и реално. Што се однесува до општините, како субјекти надлежни за своите возрасни граѓани, Сојузот исто така смета дека тие можат да помогнат. Не да ги покачуваат цените на услугите или јавниот превоз како што слушаме сега по медиумите. Има и општини коишто започнале на своите возрасни жители да им помагаат со повеќе форми и облици и давале одредени парични средства, вели претседателката на Сојузот на здружениајта на пензионери, Станка Трајкова.

Свои барања имаа и фирмите, а преговори се водеа и со синдикатите и работодавците. Недоречености има сѐ уште, но има и порака од Владата до стопанствениците.

Освен за пензионерите, државна помош ќе има и за самохраните родители и барателите на работа. Фирмите и компаниите се препратени на адреса на банките за да бараат кредити со поповолни услови, а добиваат и уверување од Владата дека се прават напори за обезбедување енергенси по пониски цени.

За да стасаат парите од помошта кај граѓаните, потребни се брзи законски измени. На потег се пратениците, а од Владата изразуваат надеж дека економската помош нема да наиде на блокади од страна на опозиционерите.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе