Вести Економија Македонија

Владата усвои нов пакет мерки вреден над 350 милиони евра за справување со кризата

Нов сет мерки за справување со енергетската и ценовната криза, вреден над 350 милиони евра, донесе Владата на денешната седница.

Како што соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски, со овие средства, севкупната поддршка за полесно пребродување на кризата во сите сфери досега изнесува 750 милиони евра.

Заштитата на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите, нагласи премиерот, остануваат приоритет.

-Клучната порака денеска е дека никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата. Кризата ќе ја пребродиме сите заедно, рече Ковачевски на прес-конференција по редовната 88. владина седница.

Премиерот подвлече дека мора да има енергенси, парно и струја, но и таргетирани мерки за најранливите категории граѓани.

-Повторно менаџираме добро со Буџетот и ги враќаме парите назад кај граѓаните, посебно кај најранливите категории. Направивме длабоки консултации со експертите, работодавачите, стопанските комори и пензионерите, науката. Ги финализиравме мерките за поддршка на граѓаните и компаниите, но од денес уште попосветено ќе работиме за надминување на кризата. Делуваме одлучно и преземаме мерки кои ја ублажуваат кризата, истакна Ковачевски.

Тој се осврна и на средствата обезбедени со ребалансот на Буџетот кои ќе се реализираат во следниот период.

На прес-конференцијата во Владата се присутни и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за економија и за финансии, Крешник Бектеши и Фатмир Бесими, како и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе