Владата испорача нов пакет антикризни мерки. 750 денари месечно на сметките од ноември до феврураи за втората категорија пензионери од 11,523 денари до 14, 000 денари пензии.
Двојно повеќе пари или 1500 денари месечно ќе добијат оние со најниски пензии. 8 милиони евра, пак ќе се разделат најралнивите категории, самохраните родители, но и барателите на работа.
Што бараа фирмите, што преговараа синдикатите и работодаваците а што добија со овој пакет останува недоречено.
Премиерот Ковачевски ги потсети дека на сила е мерката со која тие се на регулираниот пазар на струја, со неколкупати помали сметки за струја. Од денеска тој ги препрати на поволните кредити за да си ги спасат бизнисите.
Прашан, Ковачевски вели дека и големите компании треба да имаат разбирање дека не е време за профити, но конкретни мерки треба да произлезат со директно договарање со владата.
Не е уверен дека ќе отпушаат а за нив ќе се бараат поефитни и субвенционирани енергенси. Потрагата, владата ја одвела во Белград. Ресорниот миниситер Крешник Бектеши, се состанал со фирмата снабдувач на руски гас, од контактите кои му ги предаде Мицковски.
Со финансиските инјекции од 350 милиони евра за овој пакет мерки станиците на водните пумпи се внесуваат на регулираниот пазар, покрај основните и средните школи, што значи дека нема да има зголемување на цената на водата.
Но, за да стасаат парите од помоштта кја граѓаните, фирмите и локаланите власти и државните комапнии потребни се брзи законски измени.
На потег се пратениците, но и опозицијата за која Ковачевск е убеден дека не нема да блокира.
Павле Беловски
