Вести Економија Македонија Најважни

За најранливите граѓани, мерки до вечер – за фирмите до крајот на месецот

Цените на основните прехранбени производи вртоглаво растат, маржите замрзнати, но струјата го притиска производството.

Единствената мерка за малите и средните компании доминантни во производството на храна е субвенционираната струја на регулираниот пазар.

И тие најавија затворање и намалување на обемот на производство преку стопанските комори ако владата идната седмица не испорача конкретни предлози.

Во најновиот “пакет“ ветувања, премиерот ги остави последни. Прво ќе ги дели на важни и помалку важни дејности, а потоа финансиска помош.

Ковачевски, не открива детали од преговорите со коморите, но не  е поддршувач на идејата за намалување на ДДВ за струја за малите и средни претпријатија до 2 милиони евра промет.

Денеска владата ќе ги носи мерките за најранливите категории граѓани, а синоќа ресорниот министер Бектеши, ги ползувал контактите за набавка на ГАС.

Парно, ќе има и за наредните месеци, но каде бил Бекетеши со контактите на Мицковски, Ковачевски не откри.

Ковачевски се уште се надева на државните резерви на ГАС на Србија со кои ќе се прави струја во ТЕ-ТО за најавената трампа, но и за големите фирми во земјава.

Србија не си ги завршила обврските за да може да се финализира договор.

А, српскиот претседател Александар Вучиќ, веќе се впушти во најави за поврзување на гасоводните мрежи на Грција преку Албанија и Бугарија.

И двјаца премиери се надеваат ќе се реализираат приклучоците за непречен доток на овој енергенс преку нашата земја.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе