Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се зголемува за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
За 1,024 денари поскапува и Мазутот М-1 и еден килограм ќе чини 51,252 денари.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат. Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 86,50 денари, а Еуросупер БС-98 за 89 за литар.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
