Вести Економија Македонија

Седница на економскиот совет на владата – комората, синдикатот и академската заедница со свои предлози

Стопанската комора со рок до владата да донесе конкретни мерки за помош на компаниите, пред почетокот на денешната седница на економскиот совет на која ќе се разговара за ценовниот удар предизвикан од скапите енергенси.

Предупредуваат дека доколку не се донесат мерки за помош, компаниите ќе почнат да ги затвораат своите капацитети.

На седницата на владата, покрај економскиот тим присуствуваат и претставници на коморите, на синдикатот , на бизнис секторот , универзитетски професори и МАНУ. Се очекува владата да презентира дел од мерките кои планира да ги преземе за помош на компаниите и граѓаните, известува нашиот репортер Огнен Чанчаревиќ.

Претседателот на Стопанската комора , Бранко Азески, изјави дека доколку денеска или во најскор можен рок не бидат презентирани кризните мерки, најмалку 20% од фирмите ќе стават клуч на врата.

Од МАНУ ќе биде презентиран планот за развој на енергетскиот систем на Македонија, од страна на академикот Таки Фити.

Поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, оцени дека сега приоритет е да се спречи неконтролираниот раст на цените, предпредувајќи дека доколку тоа не се случи нема да дојде до економски раст, не само во наредниот квартал туку и во наредните неколку квартали.

Дарко Димовски, од Сојузот на синдикатите, повтори дека ќе го бара тоа што го бара веќе подолг период, односно зголемување на платите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе