Вести Економија Македонија Најважни

Економскиот Совет без резултати – владата, бизнисот и синдикатот се договорија да се договорат

Иако се очекуваше на денешниот економски совет во владата да биде усвоен пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните, тоа не се случи.

Рокот поставен од стопанствениците беше до денешниот ден, најавувајќи дека во спротивно голем број претпријатија ќе мора да бидат затворени.

Но, наместо пакет мерки, бизнисот и владата се договорија да донесат мерки најдоцна до идната среда или до крајот на оваа недела. Бизнис секторот и синдикатите,  како и на претходните средби ги предложиле своите барања.

Иако и претходно ги претставиле, овој пат тие се проширени. Се бара намалување на цената на електричната енергија, односно освен замрзнување на маржите на трговците со струја, да бидат донесени и други мерки и помош за компаниите кои произведуваат основни производи, кои во минатиот период значително поскапеа.

Свои барања, со зголемена листа овој пат, имаат и од Сојузот на синдикатите, кои бараат повторно враќање на платежната картичка за купување основни производи. Бараат мерки за ублажување на ценовниот шок, оценувајќи дека во спротивно работниците нема да може да ги издржат цените кои постојано растат.

И Синдикатот и работниците остануваат сега во неизвесност, се надеваат на мерки до среда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе