Вести Економија Македонија Најважни

„Загубарот” Скопје Север го вклучи греењето, само 500 домаќинства утринава се разбудуја со топли радијатори

Температурите ниски, но радијаторите ладни. Иако , според правилникот   за топлинска енергија денеска и утре скопјани треба да имаат парно греење,   утринава само околу 500  домаќинства од  Бутел, Топанско и Чаир се разбудија со топли радијатори.  Топланата Скопје Север на која се приклучени овие корисници   почна со испорака на топлинска енергија. Првиот човек на  компанијата  Рамадани вели дека парно греење  во овој дел на градот ќе има и во следните  денови. Обезбедиле гас до крајот на годината,  но  потенцира  дека ако државата финансиски не ги помогне за да ги покријат  високите трошоци за енергенси,   ќе бидат приунудени да ги затворат вентилите.

Без греење утринава се разбудија и жителите на Железара, кои ги грее Елем Енергетика. И од оваа компанија  потврдија дека гас имаат ,  исто до крајот на годинава.

Без парно  останаа и граѓаните кои до скоро ги грееше Бег, а сега тоа треба да го прави и ЕСМ. Но,  тука проблемот настана  со преземањето на топланите Исток и Запад. Преговорите за  двата објекти меѓу ЕСМ и Адора се уште траат.  Уште еден проблем пред стартот на грејната сезоона е и гасот кој е неопходен за овие топлани но и за работата на ТЕТО.  Се уште нема информација кога и од каде ќе биде испорачан.  Ако не се најдат потребните количини од овој енергенс, опцијата е да се користи и дизел гориво кое е  подостапно, а во споредба со мазутот помалку загадува и е поевтин. Владата пак  со 18 милиони евра ќе го помогне ЕСМ за да ги обезбеди потребите колични на гас до крајот на грејната сезона откако целосно ќе го преземе менаџирањето со парното во Скопје.

Инаку , според правилникот ако пред 15 октомври темепратурите се 12 или под овој степен  греењето мора да биде вклучено.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе