Вести Економија

СДСМ понудата на Мицкоски ја смета за блеф, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува владата дека нема слух

СДСМ ја смета како политички блеф понудата на лидерот на опозицијата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој предложи да им ги даде личните контакти за набавка на поевтини енергенси.

Ние не живееме во некоја неразвиена, недемократска држава, се знае како одат сите тие постапки за набавка на енергенси. Јас ценам дека ова е еден обид за заташкување на таа аферата со градоначалничката и тие 136 милиони евра. Вакви понуди мораат да се достават во ЕСМ, изјави во вечерашната Топ Тема пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

Според него, владата докажала дека е подготвена да се справи со предизвикот.

Во време на ваква енергетска и економска криза, секој има одговорност во интерес на граѓамните. Мицкоски многу пати ветуваше се и сешто, се изнаслушавме шпекулации, владата докажа дека е подготвена да се справи со се, и има превземено низа активности. За жал ако се боревме против короната сега во Европа се води битка за тоа кој да дојде до поповолна цена на енергенси, рече Костовски.

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ пак упати остри критики за владата, обвинувајќи ја дека немала слух за вистинските проблеми на граѓаните и стопанството. Вели дека во ек на енергетската криза хидропотенцијалот ни е на само 20 проценти, а јаглен имаме околу 40.000 тони.

Базирани сме само на лажни вести во врска со енергетската криза. Јаглен се набавува од микрокомпани кои се формираат после објавуањето на повикот, скриени се договорите, скриени се банкарските гаранции. Мината година набавуваме гас кој беше 20 проценти поскап од берзите, обвини Лефков.

Лефков потенцираше дека и понудите кои ги дал Мицкоски се со временски рок и истекуваат деновиве. Но, исто како и партискиот лидер, и тој не одговори од кои компании ќе биде набавен тој поефтин гас и како тој ќе стигне до Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе