Вести Економија Македонија Најважни

Мицкоски му го објасни планот за спас на премиерот Ковачевски, Бектеши ќе контактира со компаниите кои ги понуди опозицијата

ВМРО – ДПМНЕ ќе ги достави контактите од компаниите за кои тврди дека може да достават енергенси во Македонија за производство електрична енергија а министерот за економија Бектеши ќе комуницира со нив и доколку добијат зелено светло ќе треба да достават понуди до ЕСМ каде ќе ги разгледува стручна комисија како што предвидува законот.

Ова е епилогот од двочасовната средба во Владата меѓу премиерот Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и нивните економски тимови.

Мицкоски е дециден дека доколку склучат договори со нивните контакти прозивдоствената цена на струјата ќе биде далеку пониска а со тоа и продажната кој би била двојно пониска од онаа на слободниот пазар.

Струјата која би се произвела од ТЕЦ Неготино и „ТЕ-ТО“ со набавка на овие ресурси треба да се продава на индустријата и големите потрошувачи и со тоа би се спасила економијата, производствениот процес и работни места.

Мицкоски уверува дека компаниите со кои тој контактира можат да испоарачаат гас во Македонија и можат да постигнат договор со „Гаспром“ кој е закупник на интерконекторот Жидилово, единствената точка преку кој овој енергенс може да влезе во државата.

Мицкоски смета дека планот на Владата во погон да бидат сите капацитети за производство на струја со полн максимум е тешко да се оствари, додаде дека на средбата презентирал план како следната зима да се избегне слична ситуација и повтори дека ќе бараат Јавните комунални претпријатија да бидат ставени на регулираниот пазар.

Премиерот Ковачевски пак ја оцени средбата како конструктивна соопшти дека го информирал Мицкоски за кондицијата на капацитетите за производство на електрична енергија и чекорите кои се превземаат за набавка на енергенси.

Тој најави дека министерот Бектеши ќе стапи во контакт со компаниите кои што ќе ги достави Мицкоски и ќе ги разгледа нивните понуди.

Од Мицкоски побара конструктивност во Собранието за да може да се изгласаат низа закони со кои ќе може да се менаџира кризата во претстојниот период

Околу предлозите на опозицијата во делот на подобрување на инфраструктурата кажа дека дел од нив веќе се во план како проекти.

Утре во Владата ќе се одржи состанок на Економскиот совет во проширен состав и со претставници на бизнис секторот на кој треба да се презицираат и дефинираат мерките за помош за соптанството.

На состанокот нема да присуствува опозицијата бидејќи смета дека сите точки за разговор се исцрпени.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе