Вести Економија Свет

Романската полиција влезе во канцелариите на Нафтената Индустрија на Србија во Темишвар – Уште ова ни фалеше, оцени Вучиќ

Романската полиција влезе денеска во седиштето на компанијата нафтена  индустрија на Србија во градот Темишвар, заради сомнежите дека информациите поврзани со резервите на нафта во оваа држава стигнале до властите во Белград и Москва, иако НИС имал обврска за овие сознанија да го информира официјален Букурешт.

Одделот за организиран криминал врши претреси во канцелариите на НИС Петрол и во домовите на вработените во оваа компанија во Темишвар и Букурешт, објавија локалните медиуми.

Вкупно предмет на истрагата биле 9 лица, додека истражителите од канцелариите одзеле и компјутери и документи.

Најмалку 8 луѓе биле пренесени и на сослушување во полицијата.

Според информациите на романските медиуми, предмет на истрагата е неовластеното протекување на информации во врска со истражувањата на наоѓалиштата на нафта и гас спроведувани од 2014-тата година во реонот Тимиш.

Се пренесува дека компанијата НИС Петрол од оваа година започнале со тродимензионална геофизичка проспекција на нафта и природен гас на неколку локаации.

Нафтената индустрија на Србија од мај оваа година е во мнозинска сопственост на рускиот гигант Газпром. Помалку од 30% од акциите останаа во сопственост на српската држава.

Како што се наведува на веб страната на НИС, компанијата НИС Петрол СРЛ е компанија ќерк на на НИС во Романија, чија дејност е производство на нафта и гас, како и развој на малопродажна мрежа на територијата на оваа земја.

“Уште само ова ни фалеше“ – ова е првата реакција на српскиот претседател, Александар Вучиќ, по информацијата за упадот на романската полиција во канцелариите на НИС Петрол во Романија.

Според Вучиќ, оваа интервенција не е поврзана со војната за енергенси, туку со политичко-шпиунската војна.

„ За да дополнително се дисциплинираат оние за кои некои сметаат дека се непослушни. При тоа, не ја исклучувам можноста од реална вина на НИС. Важно е да се каже дека тука нема српски државјани, тоа со нас нема врска. Главно станува збор за Руси, но ќе бараме дополнителни информации од романската полиција. Но, ајде сега објаснете некому дека тоа нема врска со српската држава, кога во сите светски медиуми ќе се објави како да е компанија од Белград “ – изјави Вучиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе