Вести Економија Македонија Најважни

Oд ЕСМ велат на 15 октомври ќе има парно, иако договорот со Адора сè уште не е потпишан

Следните два дена клучни за парното греење. Ако до среда Aдора и ЕСМ не потпише договор за закуп на топланите Исток и Запад, државата преку уредба за кризна состојба  ќе ги задолжи државните електрани да ги преземат истите. Иако, пред самиот старт на новата грејна сезона има низа проблеми, од ЕСМ за Телма велат  дека откако целосно ќе го преземат  парното греење, на располагање ќе бидат ставени сите капацитети и ресурси,  за на 15 октомври граѓаните добијат парно греење.

Од Адора во чија сопственост се овие две топлани,  прифаќаат договор за закуп, но само ако на компанијата и бидат  исплатени  сите обврски направени по основ на закуп и амортизација.

  • Станува збор за досегашните обврски направени по основ на закуп и амортизација, што и следуваат на Адора, според Закон, а кои ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика. Во спротивно надлежните институции можат да ги употребат членовите 6 и 33 од Законот за енергетика и Законот за управување со кризи, кои ги имаат на располагање. Од Адора инженеринг потенцираат дека нема да бидат пречка, ниту ќе бидат алиби за неблаговремено производство на топлинска енергија во градот Скопје, се вели во дописот од Адора.

Уште едне проблем  е и  тоа на што ќе работат топланите и како ќе поризведуваат топлинска енергија.  Се уште нема  конкретни одговори од каде и  кога  би се испорачале потребните количини на гас потребни и за топланите исток и запад,  но и за работењето на ТЕТО. Од ЕСМ појаснуваат дека  како замена за гас и мазут , се разгледува и  опцијата топланите да  да работат   на дизел гориво. Објаснуваат дека подостапен е од гасот, а во односн на мазутот помалку загадудва и е поевтин.

Според правилата,  доколку пред 15 октомври, просечните температури бидат 12 или под овој степен, парното греење мора да се вклучи.

Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе