Вести Економија

Зголемени барањата за фотоволтаици во овчеполието

Светниколско станува „Мека“ за зелена енергија. Советот на Општина Свети Николе е затрупан со барања од инвеститори кои сакаат да градат фотонапонски централи, но земјоделците од Овчеполскиот регион порачаа дека не смее да се дозволи на плодното земјиште да се постават фотоволтаици. Освен производството на струја, потребно е и да се внимава да не се загрози производството на храна.

Светниколскиот градоначалник, Дејан Владев вели дека на секоја седница на Советот имаат барања од инвеститори за поставување на фотоволтаици. Само на последната седница од девет одбиле седум барања. Ставот на локалната власт е да се одобруваат барања за фотоволтаици на земјиште кое под четврта класа, се внимава и дали има и системи за наводнување.

Според анализите на локалната власт 15 фирми имаат поставени фотоволтаици, а се протегаат на 15 хекатри. Во постапка се и дополните 15 хектари земја, на кои ќе се произведува струја од сонцето.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Не смееме да оставиме впечаток за конфликт меѓу обвинителството и МВР, рече Савески во врска со наводната шпионска афера во претседателскиот Кабинет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе