Вести Економија Најважни

Новиот интерконектор меѓу Бугарија и Грција, нова ера за енергетската карта на Европа

Енергетика и начинот на кој би можела Македонија да купува струја од Бугарија, а да не се прекршат ЕУ легислативите беше темата на билатералните, а потоа и трилатералната средба меѓу претседаелот Стево Пендаровски, бугарскиот претседател Румен Радев и претседателката на Eвропската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Бугарија е подготвена да испорача електрична енергија на Mакедонија, но проблемот е во фактот што како членка на Унијата должна е сите вишоци на струја да ги продава преку слободниот пазар. Таа цена е далеку повисока од онаа која Македонија е подготвена да ја плати, а се движи во рангот од околу 200 евра, па затоа претседателот Пендаровски побарал на средбата да се најде начин и да се стават во погон кризните фондови на Унијата, како оние за Ковид пандемијата, преку кои би се надополнила разликата во понудената и бараната цена. Сепак претседателот без прецизна временска рамка кога би можело да пристигне одговор.

Претседателот Пендаровски денеска се обрати и на свеченоста по повод ставење во функција на интерконекторот меѓу Бугарија и Грција и побара помош од ЕУ за што побрзо да се приклучиме на мрежата и да може да го користиме гасот кој жего испорачува Азербејџан

Интерконекторот отвара и можноста за Македонија доколку има согласност од Азербејџан Бугарија да отстапува дел од количините кои ќе и бидат испоарачани.

Инаку заедничка оцена на денешната свеченоста на кој присуствуваа претседателите на Азербејџан, Србија, Грција и премиерот на Романија како и претседателката на ЕК е дека е голем исчекор во диверзификација на пазарот и ослободување од руската зависност од овој енергенс.

Капацитетот на интерконекторот во моментов инесува 3 милирајди кубни метри гас кој пристига од изворите во Каспискиот басен а со завршување на терминалот Александрополи идната година каде што Македонија има 10 отсто и осигурани 500 милиони кубни метри гас ќе се зголеми на пет милијарди кубни метри што ќе влијае врз ослободување од зависноста од гасот од Русија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе