Вести Економија Македонија Најважни

Мицкоски на владата ѝ нуди план за заштеда на набавка на енергенси од 300 милиони евра

Заштеда од 300 милиони евра од кои 40 милиони на набавка на мазут, а 260 милиони на гас е предогот кој ВМРО-ДПМНЕ и го нуди на владата за намалување на енергетската криза и трошоците за производство на струја и топлинска енергија. Предлогот на брифинг за новинарите го презентираше лидерот на партијат, Христијан Мицкоски, според кого тие можат да обезбдат мазут за електраната ТЕЦ Неготино по цена пониска за 200 евра од таа за која во моментов се набавува, а во контакт се и со комапнии од Германија, Швајцарија и Чешка кои би можеле за Македонија да набават на гас од ГАСПРОМ од 250 милиони кубни метри, доволни за работа на ТЕТО, но и за производство на топлинска енерегија.

„За да нема дилеми, за да нема недоречености, да го повикам првиот човек на владата, Димитар ковачевски, јавно, заедно двајцата, да избере медиум, ден и време, кога ќе зборуваме пред македонската јавност за тоа што нудам јас, што нуди опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ, а што нуди владата т.е. што не нуди владата. Имаше можност владата и има можност владата, доколку сака, да ги слушне предлозите, да не повика, ќе отидеме, ќе поразговараме, ќе ги објасниме. Времето е кратко, часовите се одбројани, треба одгворно однесување, треба државничко однесување“, рече Мицкоски.

На прашањето дали само ќе чека владата да го повика или и тој ќе побара средба за да и го презентира предлогот, Мицкоски со одговор:

„Мислам дека сум доволно прецизен и јасен. Еве барам средба, ако е тоа прашањето. Еве ако треба да се изразам со овие зборови – барам средба. Уште вчера истото го побарав, но одгоорот беше сосема поинаков“.

И додека лидерот на опозицијата ја презентираше својата понуда во седиштетот на партија, со напомена дека доколку владата се согласи на нивнито предлог тие ќе и ги дадат контактите на старнските копаниите за владата сама да испреговара со нив набавка на гас и мазут по пониски цени, од собраниската говорница премиерот Димитар Ковачевски на ВМРО-ДПМНЕ и порача понудите на странските компании да ги дистави до министерството за економија.

„Вие зборувате за контакти од компании кои што моат да обезбедат енергенси со одредени цени. Во архивата во АД ЕСМ, еве ако не треба во архива да се оди, еве го министерот за економија, кај министетот за економија нека се достават сите тие контакти, цела таа евтина електрична енергија и т.н. за да видиме какви се понудите“, порача Ковачевски.

Мицкоски ескпресно му одговори на Ковачевски на барањето.

„Самото тоа што дебатира на говорница и на пратенички прашања за вака сериозна работа дава несериозен тон. Се зане сериозни луѓе за сериозни теми како разговараат. Така што ќе се воздржам од одговор, бидејќи верувајте ми ќе треба да биде и одговорот несериозен“, рече Мицкоски.

Од ВМРО- ДПМНЕ предупредуваат дека доколку Владата не реагира на оваа понуда во наредните денови, потоа би можело да биде доцна, особено за индустриските капацитети кои набавуваат струја на слободниот пазар. Мицкоски притоа информираше дека поради големите сметки за струја голомите производствени капацитети во земјава се пред затворање, а информираше дека ФЕНИ откако пред неколку ja ставило печката на енергетски минимум, сега целосно ќе ја исклучи, дека рудникот Бучим Радовиш на 1 септември го запрело производството, a оти во Макстил работи само валалницата Тој најави и дека само до крајот на годината би можеле да работат Злетово и Тораница. Според него со тоа Македонија останува без неколку милијарди извоз и 600 милиони евра помалку во БДП.

За планот кој и го предлага на владата за набавка на поевтини енергенси, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, рече дека веќе разговарал со сите стопански комори во земјава и оти од нив добил согласност за планот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе