Вести Економија

Мицкоски ги понуди контактите на Владата и бизнис секторот за набавка на енергенси за производство на струја

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги нуди контактите кои ги има тој и неговата партија на Владата и бизнис секторот преку кои би можело да се набават енергенси за производствбо на струја но и струја со што би се ублажила енергетската криза, би се озбедеило непречено максимално производство на домашните капацитети кои би испорачувале и на индустријата и би се запрело со трошењето на Буџетски пари за набавка од слободниот пазар.

Тој е уверен дека доколку се прифати неговиот план цената на струјата која би се испорачувала на индустријата би била двојно поефтина од онаа на Хупекс берзата.

Мицкоски е дециден дека може да се обезбеди доволно мазут за потребите на ТЕЦ Неготино и гас за ТЕ-ТО кои потоа дел од струјата би ја продавале на бизнисот .

Опоизциската ВМРО-ДПМНЕ деновиве до Собранието ќе достави измени на Законот на екергетика кои предвидуваат сите ЈКП но и објектите во образованието и здравството да бидат вретени на регулираниот пазар односно под капата на ЕВН.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше на состанок во Сојузот на Стопнаски комори на Македонија каде исто така беа презентирани двата предлога.

Од ССК пак велат дека компаниите го намалуваат производствениот процес за да може да изменаџираат со средствата со кои располагаат за набавка на електрична енергија или енергенси а енергетската криза е национален проблем и понудените решенија и предлози не смеат да се отфрлат без да се разгледаат бидејќи дошле од власта или опозицијата

Раководството на ССК побараод градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да им излезат во пресрет на компаниите кои инвестираат во обновливи извори и да ги скратат процедурите за градежните дозволи во и онака комплицираниот процес.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе