Вести Економија Македонија Топ вести

Ново задолжување од 250 милиони евра со германската обврзница NSV- владата ќе враќа стари долгови и ќе ги полни буџетските дупки

Нови 250 милиони евра од германскиот финансиски пазар ќе се позајмуваат преку издавање на хартии од вредност, соопшти министерството за финансии откако владата на денешната седница ја донесе одлуката за ова ново задолжување.

Министерството за финансии соопшти дека владата обезбедила 250 милиони евра преку обврзницата НСВ која ја издава Дојче банк и уште три големи финансиски институции. Средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби, а од финансии не дообјаснуваат дали под буџетски потреби се мисли на потребите на ЕСМ предизвикани од енергетската криза и проблемите со скопската топлификација. Од министерството наведуваат дека оваа обврзница е избрана по долго следење на финансиските пазари затоа што каматната стапка изнесува 3,75% плус 6 месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од 3 години и со 18 месеци грејс-период. Останатите можности за пари од странство биле со поголеми стапки, а не е издадена нова еврообрзница затоа што поради претходно издадените новата еврообврзница би се враќала со камата од 8 %.

Целото соопштение на Министерството за финансии.

Владата донесе одлука за издавање на хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen“, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. Министерството за финансии во континуитет ги следеше пазарите на капитал и согласно опсежните анализи, овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавен долг. Имено, каматната стапка изнесува 3,75% плус 6 месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од 3 години и 18 месеци грејс-период.

NSV е инструмент кој обично го издаваат висококвалитетни клиенти со стабилен инвестициски кредитен рејтинг, а хартиите од вредност се купени од страна на германски инвеститори. NSV како регистрирана хартија од вредност, од страна на Дојче банка до сега е издадена во Република Полска, Ирска, Белгија, Кралството Шпанија. Овој финансиски инструмент покрај Дојче банка го издаваат и KFW, IBRD, EIB.

Изминатиов период се склучија неколку трансакции на меѓународниот пазар на капитал од страна на членки на ЕУ со повисок кредитен рејтинг од нашиот, каде каматните стапки се движеа до околу 7%, со неколкукратно повисоки суми на повлекување. Ова се должи на заострувањето на условите на меѓународниот пазар на капитал, како резултат на затегнувањето на монетарната политика преку раст на каматните стапки од страна на скоро сите големи централни банки во светот, поради високата инфлација.

Почнувајќи, од првиот квартал на оваа година, се до овој момент е забележан значителен пораст на цената на тргување и на секундарниот пазар на издадените Евообврзници, коишто претставуваат своевиден репер за дефинирање на цената (каматната стапка) при евентуално издавање на нова Еврообврзница. Во моментов македонските Еврообврзници се тргуваат со принос во распон од приближно 7%, што значи дека доколку Република Северна Македонија одеше со нова Еврообврзница, каматната стапка би била на ниво од околу 8%.

Во вакви услови уште повеќе доаѓа до израз потребата за водење на претпазливи домашни политики, така што Министерството за финансии пристапи кон пронаоѓање на друг поповолен извор на финансирање. Министерството за финансии во соработка со Дојче банка во изминатиот период, континуирано работеше за издавање нов финансиски инструмент којшто претставува регистрирана обврзница согласно со  германските закони – NSV. Со овој инструментот каматната стапка е значително пониска од онаа која би се постигнала со евентуалното издавање на нова Еврообврзница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе