Вести Економија Свет Топ вести

Данска не исклучува дека саботажа е причина за истекувањето на гас во Северен поток 1 и 2 – ЕК засега не сака да шпекулира

Властите во Данска и Швеска објавија денеска предупредувања за за безбедноста на морскиот сообраќај, откако беа пријавени истекувања на гас од гасоводите Северен поток 1, кој официјален Кремљ го затвори целосно на недефиниран временски период како одмазда за западните санкции, и гасоводот Северен Поток 2, кој беше замрзнат пред почетокот на руската инвазија на Украина и никогаш не доби дозвола за работа.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен изјави дека засега не може да се исклучи саботажата како можна причина за истекувањата.

„Има три истекувања и затоа е тешко да се замисли дека тоа е случајност“ – изјави Фредериксен.

Европската комисија потврди дека е во контакт со земјите засегнати од истекувањата на гасост, но засега не сака да шпекулира за причината за овие инциденти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе