Вести Економија Македонија Топ вести Топ тема

Топ Тема – Како да се справат општините со сериозните последици од енергетската криза

Сите се соочуваме со енергетска криза, но народот не гласал и не бирал за да ги водиме општините. Мораме да најдеме начин општините да бидат и осветлени, училиштата да бидат отворени и наставата да се одвива со физичко присуство. Сметките за електрична енергија, уште од месец мај се енермно зголемени, вклучувајќи го и уличното осветлување и градинките и училиштата, но како општина наоѓаме начин, истите да ги покриваме од месец во месец. Правам напор и нема да дозволам како градоначалник, нашите деца оваа зима да имаат онлајн настава, изјави во вечерашната Топ Тема со Боби Христов, градоначалникот на скопската општина Центар, Горан Герасимовски.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, изјави дека оваа кризна година ќе биде тешка.

„Јас верувам дека и мандатот ќе го поминеме во финансиско-енергетска криза, со високи сметки за струја, со високи цени на енергенсите и мораме да се навикнеме да функционираме на таков начин. Како и досега, така и во наредниот период. Најголем дел од финансиските средства кои ги прибираме по основ на даноци и такси кои што граѓаните ги плаќаат во општинската каса ќе бидат пренасочени кон она што е наша примарна задача а тоа е да обезбедиме чиста вода за пиење, да се одвива наставниот процес, да се згрижуваат децата во градинките и да ја одржуваме комуналната хигиена. Капиталните инвестиции кои исто така мора да се случуваат, мора да бидам искрен, ќе бидат сведени на минимум, изјави Јорданов.

Герасимовски најави дека во општина Центар е формирана и комисија која што треба да направи физибилити студија за да ги утврди можностите на сите јавни објекти, како училишта и градинки, да се постават фотоволтаици на сите објекти, додавајќи дека на утрешната седница на Советот ќе има и точка на дневен ред, односно иницијатива за основање на јавно претпријатие кое би било за производство на електрична енергија. „Верувам дека таму ќе најдеме делумно решение за намалување на цените“ – рече Герасимовски.

Почнавме и со рестрикции, односно гасење, за жал, секогаш викам за жал, затоа што никој не сака дел од улиците да бидат темни, но мораме светилките да ги вклучуваме малку подоцна, затоа што сметката за електрична енергија, поготово за улично осветлување ако во август 2021-ва година била 1,500 000, сега е 6, 500 000 милиони. Мораме да штедиме и во тој дел сите заедно да придонесувамем изјави Герасимовски.

Направени се рестрикции и во градинките и училиштата, изјави градоначалникот, додавајќи дека сепак училниците не може да останат незагреани, вели градоначалникот на скопската општина.
Градоначалникот на Штип, Јорданов, објасни дека во неговата општина, во месец јануари сметката за струја на јавното комунално претпријатие кое има обврска да дистрибуира чиста вода за пиење и да го чисти сметот и ѓубрето на улиците во Штип, достигнала 19 милиони денари а вкупниот приход на тоа претпријатие бил 17 милиони денари.

Кога вие имате по само еден основ повишок трошок, немате начин како да менаџирате за да ги покриете трошоците. Додека етапно не го решивме овој проблем, затоа што моравме да се префрлиме на друг систем, на системот Злетовица, поминаа три месеци со екстремно високи сметки за струја, кои ни акумилираа долг кој веќе го враќаме, изјави Јорданов.

Според него, сметката на јавното комунално претпријатие за електрична енергија сега е намалена на 6 милиони денари, но и тоа е премногу, споредено со годините наназад.

Моравме да намалуваме број на вработени а од друга страна ќе бидеме критикувани дека ненавремено го собираме ѓубрето. Дека ненавремено ги сервисираме услугите кон граѓаните, рече штипскиот градоначалник.

Двајцата градоначалници потврдија и дека заедничко барање на сите општини, на ЗЕЛС, без разлика на политичка партија е тоа кое било пренесено на состанокот во министерството за финансии, односно училиштата, бидејќи не оставаруваат профит а се јавно добро, да бидат ставени на тарифа за домаќинства.

Градоначалникот Герасимовски посочи податоци за енормниот раст на сметките за струја и тоа само во училиштето Киро Глигоров.

Кога ни заврши договорот, еве во мај месец, компаративно 2021-ва – 2022-ра. Ако сме имале 55.500 во 2021-ва, во 2022-ра сме имале 175.000. 53.000 во 2021-ва, 231.000 за месец јули. 54.000 во август ’21-ва и 310.000 во 2022-ра. Со истиот проблем се соочуваме и во сите други училишта. Во „11-ти Октомври“ од 16.000 на 122.000, изјави Герасимовски.

Според Јорданов, истото решение, треба да важи и за јавните-комунални претпријатија, затоа што ќе бидат доведени во знак прашање и услугите за граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе