Вести Македонија

Бујар Османи тврди лажна вест е дека Ахмети ја понудил неговата министерска оставка за гаснење на „огнената“ група во ДУИ, како што објави ТВ 21

Лидерот на ДУИ Али Ахмети за смирување на систуацијата во владеачката партија која ја раководи од 2002-ра, на незадоволните од ткнр. „огнената“ група им понудил оставка на шефот на дипломатијата Бујар Османи, објави ТВ 21 синоќа.

Незадоволните ги предводат поранешните високо позиционирани функционери на ДУИ како Блерим Беџети (актуелен градоначалник на Сарај и поранешен министер за правда), Муса Џафери (поранешен вицепремиер),  Изет Меџити (пратеник и поранешен градоначалник на Чаир), а нивното незадоволство е упатено пред се кон Артан груби и немањето доволно демократска дебата внатре во партијата.

Ахмети, според ТВ 21, понудата- Османи наместо Груби, ја доставил преку министер во владата до незадоволните функционери, но бил одбиен затоа што тие сметале дека сите кадровски решенија на ДУИ во владата треба да си заминат и дадат оставки поради неисполнување на партиските ветувања од изборите.

Бујар Османи денеска пак изјави дека тоа што е објавено било лажна вест и нема никаква вистина дека Ахмети наводно понудил негова оставка од министерската позиција. Османи рече дека лидерот на партијата веќе кажал што мисли за сотојбата.

Ахмети претходно изјави дека партијата ДУИ не  е ничија и дека може да продолжи и без него и без Муса Џафери и без Блерим Беџети и останатите.

Најголем отпор кон централната партиска номенклатура и судир има во скопскиот огранок на партијата, Артан Груби и Бујар Османи се министри, но незадоволните Меџити и Беџети сметаат дека се заслужни за изборните победи во Сарај и Чаир. Политичкиот раст на Груби во скутот на Ахмети им пречи на поранешните партиски функционери во огнената група, кои го искористија августовскиот пораз на ДУИ во Тетово за да побараат одговорност и смени.

Муса Џафери од незадоволните пак во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ (2008. -2017.) беше главен партиски медијатор во односите со поголемиот партнер предводен од Никола Груевски, а беше објавена и една бомба кога Сашо Мијалков му вели „каменот од блиску доаѓа“ за определени проблеми во коалицијата со блиски луѓе. Беџети беше министер во повеќе влади со премиер Никола Груевски, а Меџити владееше со Чаир во три мандати, додека на изборите 2020-тата стана пратеник, кој често отстапуваше од решенијата на коалицијата СДСМ-ДУИ.

Од друга страна, Груби е прв потпретседател на владата и министер за политички систем додека Бујар Османи е министер за надворешни работи од 2020-тата година. Последно заедничко спомнување им беше уште контроверзно вработување на несудената конзулка Бесмира Ејупи, која Груби ја вработил во министерството за политички систем, а Османи експресно ја префрлил во дипломатијата со преземање на администрацијата.

Бујар Османи последните два изборни циклуси беше и портпарол на ДУИ и на изборниот штаб на партијата.

ДУИ од 2002-ра досега, цели 18 години е во владеачката коалиција и ги менува партнерите во власта. Партијата сега има најголем стаж како владечка партија во Македонија, повеќе и од ВМРО-ДПМНЕ (15 години во власт) и од СДСМ (15 години власт).

Досега нема поголем корупциски случај со завршница против партиски функционери на ДУИ во државната управа иако има големи сомневања и шпекулации за такви случувања.

Ахмети и Османи беа осомничени од СЈО за прекинувањето на пописот односно за сомнителни градежни тендери за болници во министерството за здравство, но и двете истраги беа прекинати поради немање докази за злоупотреби.

Османи: Информациите дека ќе бидам сменет се лажна веста

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невладините бараат 130 милиони денари за превенција од ХИВ, наместо предвидените 90 во Предлог буџетот за 2025 година

Дејан Дејан

Од Уставниот суд молк, ДУИ се закануваат, премиерот смирува

Дејан Дејан

Повредени тројца припадници од обезбедувањето на Гаши во сообраќајна несреќа кај Ново село

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе