Вести Економија Најважни

Фирми трговци со струја со милионски долгови и забрана за тргување повторно играчи на пазарот со електрична енергија

Добија забрани за да тргуваат со струја, должат милиони кон Мепсо кој ги наплатува извршител, а  некој од нив  повторно се играчи на пазарот со струја. Мист Енерџи,  една  од трите  компании  на која  и беше забрането тргувањето со електирчна енегија и која има  долг кон Мепсо од  1, 8 милиони евра за балансираната енергија, формираше нова фирма Мист Енерџи Еко Дооел и повторно е активна  и е дел од бизнисот со струја.

Вкупниот долг пак на Мист Енерџи, У Пауер и Енергија гас и Пауер кон Мепсо изнесува 12, 2 милиони евра, пари кои преносниот систем мака мача да ги наплати.

Вкупниот долг од БОС компании ( У повер, Мист енерџи и Енергиа гас) изнесува 12,2 милиони евра од кои околу седум милиони евра се репрограмиран долг. За наплата на долговите за наведените компании, се водат соодветни извршни постапки и постапки по нотарски платен налог, се вели во дописот од Мепсо.

 Дел од експертите сметаат дека  на ваквата пракса мора да се стави крај. На  фирмите трговци со струја повеќе не треба да им се дозволува со банкарски гаранции од по  неколку илјади евра  да прават милионски долгови кон Мепсо, и иако имаат забрани  за тргување со струја да формираат нови компании  и повторно да се дел од  бизнисот.

Како е можно на пример со гаранција од 50 илјади евра да направат 10 пати поголем дебаланс . Во исто време се дозволува да се основа фирма со 5.000 евра влог и да се направат милионски догови кон Мепсо. Како сега ќе се наплатат овие пари. Со 12, 2 милиони евра по претпоставка еден мегават да е 200 евра може да се купат 80 мегавати за еден месец базна енергија, вели за Телма Сања Божиновска консултант по енергетика.

Од Регулаторна за Телма тврдат  дека  ќе се работи на законски измени,  со кои секој кој ќе сака да основа фирма за трговија со струја ќе мора да има поголем основачки влог, но и банкарски гаранции со поголеми износи.

Мист Енерџи, Енергија Гас и  У Пауер,  за да не купуваат струја по далеку повисока цена на отворен пазар, ја користеа балансираната енергија  на Мепсо која пак ја влечеше  од Европскиот енерегетски  систем и се доведе во ситуација да биде предупредена дека може да сноси санкции и да плаќа високи пенали.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе