Вести Економија Најважни

Битиќи: БЕГ нема лиценци ама има законска обврска да испорачува услуги на скопјани

Закуп или продажба на  топланите Исток и Запад и набавка на гас или во најлошиот случај мазут за непречено производство на топлинска енергија. Ова се двете прашања кои на дваесетина пред почетокот на грејната сезона сеуште стојат отворени.

Владата останува на својот став за закуп на топланите, досека сопственикот „АДОРА“ инсистира на продажба како едиствена солуција. Вицепремиерот Фатмир Битиќи е дециден, иако со одземени лиценци БЕГ има законска обврска да испорача услуга кон граѓаните се додека ЕСМ не го реши спорот со АДОРА  и не ги првевзме топланите.

Сепак она што е клучно е што БЕГ нема залихи на енергенси за производство на топлинска енергија, а истото се однесува и на ТЕ- ТО кој од Владата во неколку наврати го посочија како една од двете клучни алки за амортизација на ценовиот шок и недостатокот на струја и е клучен и за производството на топлинска енергија и парно греењето во Скопје.

Од ТЕ-ТО за Телма изјавија дека разговорите со Владата се во тек, имаат резерви на гас до крајот на овој месец и немаат планирана или договорен нова набавка на нови количини.

Според вицепремирот Битиќи, индата недела ќе биде клучна, бидејќи ќе треба да се прецизира и договори евентуална купопордажба на гас и струја од странсво како и резеврвирање на прекуграничните капацитети за испорака.

Според информациите на Телма, во понеделник или вторник турски „Боташ“ ќе ја достави понудата до Владата за количината на гас и струја што евентуално би ја испорачал како и за цената,а во меѓувреме владиниот тим би требало да најде начин за пренос до Македонија.

Како што дознаваме, во сите понуди за продажба на струја кои досега биле доставени во Владата цената не била под 330 евра за мегават час.

Договорот со Бугарија за набавка на струја со која требаше да се снабдуваат големите индустриски капацитети виси поради разлики во цената која е понудена и цената која македонската страна е подготвена да ја плати.

Досега со Србија е договорена испорака на гас, но се утврдува начинот на транспорт  а договорено и преносната мрежа да биде отворена во текот на целиот период. Со Грција пак е договорена континуирана испорака на јаглен, мазут и лигнит енергенсите неопходни9 за неопречено производство на струја на домашните капацитети.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе