Вести Економија Најважни

Тешко одат преговорите меѓу ЕСМ и Адора за парното во Скопје

ЕСМ бара да ги закупи, Адора сака да ги продаде. Дали државните електрани и Чифлиганец ќе успеат да се договорат за топланите Исток и Запад,  ќе се знае во понеделник. Од компанијата Адора за Телма велат дека се согласни на најтранспарентен начин да го продадат својот имот, и тоа по цена од 9,26 милиони евра, колку што компанијата лани ги купила овие објекти.

Очекуваат да им бидат исплатени и досегашните побарувања за користење и амортизација на имотот, кои велат дека законски им следува. Од Адора тврдат дека уште во август од страна на ЕСМ добиле барање за доставување на понуда за купопродажба на овие топлани.

Изгледите за постигнување на договор само за закуп доколку нема јасна  интенција за купопродажба  во ововј момент  е енормно штетно за Адора , односно на досегашните загуби, би ја ставил компанијата во загуба од над 550 илјади евра секоја година . Ако не се постигне договор за закуп и купопродажба единствен пат до обезбедување на парно греење за Скопје е БЕГ во деловна -техничка соработка со ЕСМ да продлжи бесправно да го користи имотот во сопственост на Адора, што е дирекна повреда на правото на сопственост, се вели во дописот од компанијата.

Од ЕСМ пак за Телма тврдат дека тие до Адора испратиле барање за закуп. Велат дека во моментов инсистираат на таков договор, па потоа да се почнат преговори за купување на објектите, процес кој е многу долг. Според информациите цената за закуп и одржување на топланите би изнесувала околу 900 илјади евра годишно.

И вицепремиерот Битиќи вчера на Телма соопшти дека во моментов единствена опција во моментов е за овие топланите да се склучи договор за закуп.

Во овој  момент не сме на пазар, мора да се почне процедура треба  сите да се поминат, да се направи анализа од страна на владата преку ЕСМ , за да се седне и во соодветна законска проценура, евентулано да се преземе сопственост на тој имот. Никогаш не сме кажале дека може ЕСМ Топлификација како нов субјект кој е во состав на ЕСМ целосно  дека  ги има средствата и ќе ги извадат  на маса, тоа никаде не постои  дури и во приватен сектор тоа така не функционира има период има процедури како се влегува во облигациони односи и затоа сметаме дека  закупот е единстевна опција во овој момент и мислам дека  има добри позитивни сигнали дека се подготвени да се договорат за закуп, со тоа што потоа би влегле во процедура законска за потоа евентулано преземање, рече Битиќи.

ЕСМ во моментов има лиценци за снабдување и дистрибуција, но за целосно да може да го преземе греењето мора да се договори со Адора, за да може да ја добие и третата лиценца, за производство на топлинска енергија.

Инаку, ЕСМ се согласи да го преземе греењето во Скопје, откако БЕГ ги загуби трите лиценци. Компанијата формираше и три фирми за снабдување, дистрибуција и производство, кои во моментов се екипираат со кадар од БЕГ. Грејната сезона почнува на 15 октомври, најрано пак парното греењето може да се вклучи на први октомври.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Тенкион паричник каска зад високите велигденски цени

Дејан Дејан

Започна дистрибуцијата на доверлив избирачки материјал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе