Вести Економија

Владиниот енергетски тим во Турција во потрага по гас и струја

Државниот економско енерегетски квартет Бектеши, Ковачевски, Реџепи и Муртезани во Истанбул во потрага по поволен договор за набавка и испоарака на гас и струја во наредните кризни месеци. Денеска се на средби со претавниците на турската државна компанија „Боташ“ чија примарна дејност е продажба, испорака и складирање на природен гас.

„Боташ“ кој е клучниот и најголемиот играч на енергетскиот пазар во Труција, тргува со природен гас од Азербејџан, руски „Гаспром“ и од Иран и има огромни капацитети за складирање. Доколку се постигне договор за купиување и испорака, за транспорт би се користел гасоводот „Турски тек“ и краците кон Бугарија или Грција а според нашите инфромации тоа ќе биде клучно и од тоа ќе зависи цената и количината која би се набавила, но сепак последен збор ќе има македонската Влада.

Официјланата посета на Истанбул доаѓа откако пропадна договорот со Бугарија за набавка на струја поради разлики во цената која е понудена и цената која македонската страна е подготвена да ја плаши. Министерот Бектеши објасни дека  договор не е постигнат затоа што се чека Европската комисија да ги најави  новите мерки со кои се очекува цената на струјата да се ограничи на 180 евра за мегават час. Струјата која евентуално би се купувала од Бугарија би била наменета за големите индустриски капацитети.

Истанбул, Турција, е четвртата дестинација која ја посети економско енергетскиот тим на Владата или пак премиерот Ковачевски во потрага по неопходните енергенси зап производство на струја или пак електрична енергија. Со Србија е договорена испорака на гас и стабилност на мрежата во случај на испади или хаварии а во моментот се прецизира рутата преку која би се испорачувал односно Бугарија. Во Атина пак падна договор за непречено снабдување со јаглен, мазут и лигнит – енергенси неопходни за континуирано максимално искористување на домашните капацитети за производство а клучно е што доколку Грција одлучи да го ограничи или забрани извозот на овие енергенси таквата одлука за Македонија нема да важи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе