Економија

Почна со работа „Стопанска лизинг“, нова компанија на Стопанска банка Скопје

Стопанска банка АД – Скопје денеска го најави отпочнувањето со работа на својата нова компанија – Стопанска лизинг.

Лоцирани во центарот на градот, веднаш до Спомен-куќата на Мајка Тереза, тимот професионалци ги отвори вратите на просториите на Стопанска лизинг за сите физички лица и компании на кои им се потребни финансиски или оперативни лизинг производи, информираат од компанијата.

Свеченото отворање се одржа со присуство и целосна поддршка на претставниците од Управниот одбор на Стопанска банка и претставниците од Групацијата на NBG, давајќи ѝ цврста потпора на новата компанија во планираниот развој и работење.

Користејќи ја приликата, Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, изјави: „Претставува голем предизвик да се носиме со наследство од речиси 80 години во банкарството, со постојан стремеж кон иновација и понатамошен развој со цел да се оствари уште посветла иднина. Но, тоа е она што ни го доверија нашите акционери и заедницата и тоа е причината зошто неуморно работиме да докажеме дека Стопанска е бренд кој зрачи со сигурност, доверба, партнерство и развој. Ми претставува задоволство што денеска отпочнуваме со уште една дејност во нашето портфолио со ветување дека на клиентите на Лизинг компанијата ќе им овозможиме највисоко ниво на финансиска поддршка и советување, впрочем, како и на клиентите на Стопанска банка АД – Скопје.”

Жарко Кржаловски, директорот на Стопанска лизинг изјави: „Денеска сме тука за да ја одбележиме завршницата на еден период на енергични подготовки, организациско структурирање и вложување со цел да се отпочне со нова приказна на пазарот. Со Стопанска лизинг пазарот се збогатува со нов финансиски партнер за компаниите и физичките лица, несебично поддржан од препознатливите брендови Стопанска банка и Групацијата на NBG. Денешното отворање на вратите е симболично, со оглед на тоа што сакаме да сме постојано отворени за нашите клиенти и да им понудиме одржливи лизинг продукти и услуги. Би сакал да им се заблагодарам на сите вклучени во овој процес и да ги поканам сите заинтересирани клиенти да нѐ посетат или контактираат!”

Сите информации за понудата на лизинг производи се достапни во просториите на Стопанска лизинг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Банкарите уверуваат : Ако има зголемување на каматите тоа ќе биде постепено, одлуката на НБРМ не ги изненадила

Дејан Дејан

Со намалено производство на храна, помали приходи и недостиг на вода – одбележан Светскиот ден за борба против сушата

Дејан Дејан

„Џаво Отомотив“ ќе гради фабрика во индустриската зона во Тетово

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе