win-win Вести Економија Емисии Најважни

Битиќи во Вин Вин на Телма: Јагленот кој сакаме да го обезбедиме е за да нема нарушување во производството на електрична енергија

Не верувам дека сме можеле нешто повеќе да направиме, рече вицепремиерот Битиќи во вечерашниот Вин Вин, зборувајќи за енергетската криза. Повтори дека владата обезбедила гарантирана цена на струјата за 70.000 субјекти од приватниот сектор во регулираниот пазар, 100 проценти обезбедена од домашно производство.

Еден од параметрите за одредување на цената, е цената која што се понудува од ЕСМ кон ЕВН, затоа што според закон ЕСМ е должна да понуди 60 посто од потребните количини на ЕВН Хоум. Ние донесовме одлука како влада 100 проценти од потребната електрична енергија за регулираниот пазар да биде обезбедена од ЕСМ. Ние ќе се справиме како ќе стигнеме до 100 посто. А таму се сите домаќинства, 653.000 според последниот попис, плус 70.000 други субјекти кои што влегуваат во регулираниот пазар, рече Битиќи.

Тврди дека владата до сега за субвенционираната цена на регулираниот пазар исплатила 240 милиони евра. Количините на јаглен кои владата се обидува да ги обезбеди е за да се гарантира дека нема да има никаква дисторзија во производството на електричната енергија.

Ние правиме проекции, месечни, дневни, колку е производството, колку планираме до крајот на годината, за да следиме дали е потребно, или не е потребно. Ако можеме да донесеме јаглен кој што ќе биде по цена која што е пониска од берзанската, ние сме подготвени да го направиме тоа и да обезбедиме пониска крајна цена на електричната енергија. Затоа бараме продолжување на кризната состојба, за да обезбедиме доволна флексибиност и механизми за справување со кризата, вели Битиќи.

Владините препораки за штедење, според него, не се заради ослободување на капацитетите, туку да се заштеди електрична енергија која потоа би бил дадена на стопанството.

Затоа што за нас многу е важно стопанството, во овој момент, да биде поконкурентно, заради енергенсите кои што ги користат. Но за жал се е поврзано, ако одлуката пред 15 години не била донесена, денеска ќе ги лечиш последиците. Ако денеска нашите одлуки не се добри, после 5 години ќе ги видиме негативните последици од нашата неисправна одлука, вели Битиќи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Партијата на Пленковиќ ХДЗ, повторно победи на изборите

Дејан Дејан

100-те највлијателни лица во светот за 2024 година

Дејан Дејан

Уапсена претседателката на Антикорупциската комисија во Црна Гора поради сомнежи за злоупотреби со дневници и службени возила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе