Вести Економија

Поради африканската чума во Mалешевијата се колат и здрави свињи

Свињите да се остават во семејните фарми, побараа жителите од речиси сите села од Малешевскиот регион. Во Смојмирово и Мачево веќе не се чуваат свињи во фармите, по наредба на ветеринарните инспектори морале да ги уништат. Забележаа дека ветринарните инспектори им донеле Решенија дека како дел од безбедносните мерки поради африканската свинска чума нивните свињи мора да одат во кланица.

Во текот на денот пристигнуваа различни информации, затоа тие побараа да дојдат од Агенцијата за храна и ветеринство да им кажат што е вистина и по какво решение ќе постапуваат.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочија дека решенијата за депопулација на свињите се носат согласно епидемиолошката состојба на терен и нема да се повлечат. Документ да ги носат свињите во кланица ќе добијат оние фарми што не ги исполнуваат биосигурносните мерки во радиус од 10 километри од утврдените жариште на африканска свинска чума.

  • Мерките што ги носиме се согласно светските стандарди за справување со болеста. Освен да се заштитат животните, целта е да не се прекине ниту синџирот на снабдување со месо во државата и да се заштитат големите фарми каде се почитуваат биосигурносните мерки“ вели Вања Кодратенко, АХВ

Африканската свинска чума се појави на почетокот на годинава во делчевско, а летово во кочанско, виничко и последниот е одгледувалиште во Карбинци.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП го усвои извештајот на Вајц со барањето за историската комисија

Дејан Дејан

40 проценти од владините ветувања на половина од мандатот не се исполнети, а целосно се реализирани само 13%

Дејан Дејан

Банкарите уверуваат : Ако има зголемување на каматите тоа ќе биде постепено, одлуката на НБРМ не ги изненадила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе