Вести Економија Македонија

Ограничените маржи не го спречија енормниот раст на цените на основните производи

Мерката  за ограничување на маржите на основните прехранбени производи не даде резултати и не го спречи енормното покачување на малопродажните цени. Од вчера кога Владата соопшти дека оваа мерка наместо до крајот на месецов останува на сила до крајот на годината, повторно се покачија цените на млекото и млечните производи.

Граѓаните велат дека секојдневно доживуваат ценовен шок во маркетите.

„Цените секој ден по 2,3, 5 денари се поголеми. Ако беше 60 денари, од 70 над 80 дојде за литар млеко. До нова година 100 ќе замине. Цените растат, маснотијата се намалува“ велат  граѓаните.

Од Организацијата на потрошувачи потврдуваат дека  добиваат поплаки за поскапувањата од граѓаните

„Цените на основните прехрнабени производи се формираат со ограничување на трговска маржа. Но, луѓето тоа не го чувствуваат, секојденовно има пораст на цените кои дојдоа до плафон. Сега цените да се ограничат и да се нивелираат ќе има цел, луѓето тоа го бараат“ – вели Маријана Лончар од ОПМ.

И за експеритет долгорочното  ограничување на маржите  не е популарна мерка, затоа што доведува до шпекулации со  цените.

Економскиот аналитичар Абил Бауш вели дека тоа може да има ефект на почетокот, но потоа  треба  да се изнаоѓаат други алтернативни политики.

„Од друга страна, институционално, треба да се воведат подобри контроли, но и да се мисли на покачување на данокот на добивка, затоа што некои компании почнаа да прават енормни профити од ситуацијата. Со тоа би имале и стабилизација на пазарот и би имале средства за  буџетски трошења“ вели Абил Бауш, економски аналитичар.

Од Пазарниот инспектората велат дека се  постојано на терен и  врашат конторли во трговијата .

„Од  5 до 11 септември извршени се над 40 надзори на територијата на РС Македонија, а  во 3 субјекти се констатирани неправилности. Изготвени се 3 решенија по однос на цени на прехранбени производи и 9 прекршочни платни налози по Законот за трговија“, наведуваат од Државниот пазарен инспекторат.

Додека цените на млекото и млечните производи во малопродажба вртоглаво растат, пелагониските млекопроизводители се жалат на ниските откупни цени од 23 до  28 денари за литар предадено млеко.

Тие бараат покачување за 70 проценти и исплата на субвенциите за 2 години, а во спротивно најавија радикални протести со блокади на патиштата.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе