Економија Свет

Можно е ЕУ да се откаже од ограничување на цената на рускиот гас

Министрите за енергетика на земјите-членки на Европска Унија на 30 септември ќе имаат вонреден состанок, на кој ќе се обидат да договорат мерки за стопирање на цените на енергенсите.

  • Тоа што го почнавме минатата недела, ќе го завршиме на 30 септември. Штотуку свикав уште еден вонреден состанок на министрите за енергетика за да разговараме за предлозите на Комисијата за намалување на цените на енергијата, објави чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела на Твитер.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре пред Европски парламент, ќе ги објави предлози за мерки за запирање и намалување на цените на енергијата.

Во предлозите на Лајен не се споменува ограничување на цената за увоз на гас ниту од Русија, ниту од други земји, а исто така не е спомната ниту програма за поддршка на ликвидноста на енергетските компании за да им се помогне да се соочат со нестабилноста на пазарот.

Германија треба да биде целосно независна од рускиот гас до крајот на следната година, а нема да има недостиг од гас ниту оваа зима, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

  • Добро сме подготвени за оваа зима и тоа е позитивна порака, изјави Шолц на конгресот на Здружението на германските работодавачи во Берлин.

Тој додаде дека поради добрата пополнетост на резервоарот, што во моментов е 86 отсто, не се очекува недостиг од гас.

Шолц рече дека целосна независност од рускиот гас се очекува до крајот на 2023 година.

„Изградбата на ЛНГ терминалот напредува и ќе увезуваме гас од САД, Норвешка и други земји“, рече Шолц.

Истовремено, канцеларот како проблем ја наведе високата цена на енергијата. Во таа насока тој ја поздрави најновата одлука на Европската комисија со која се ограничува профитот на енергетските компании што треба да резултира со намалување на цената на струјата.

„Предлогот на Европската комисија е речиси идентичен со она за што исто така се залагавме“, рече Шолц.

Тој се заложи за целосна реформа на пазарот на електрична енергија за намалувањето на цените да се префрли на крајните потрошувачи „уште оваа зима“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

Дејан Дејан

Осигурителните фирми треба да одлучат дали ќе им вратат пари на граѓаните кои платија поскапо осигурување

Дејан Дејан

Во јуни нова цена на струјата, но не и за мрежарината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе