Вести Економија Македонија Топ вести

Владата да се сврти кон стопанството порачаа Азески и Мицкоски

Ублажувањето на последиците од енергетската криза и наоѓање на решение за стопанството мора да биде фокус на Владата. Ова е заедничики заклучок од денешната средба на претседалот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Нов економски договор е еден од предлозите од средбата. За МИцкоски Владата нема ниту капацитет ниту пари да се справи со кризата во претстојниот период. Набавката на струја од Бугарија ќе му даде поткрепа на стопанството но има прашања околу цената и транспортот кои допрва треба да се решаваат.

Стопанската комора на Северна Македонија и опозициската ВМРО – ДПМНЕ на иста линија, направено е премалку и предоцна за бизнис заедницата и Владата веднаш мора да го стави во фокус помагањето а со тоа и опстојувањето на стопанстото и економијата во државата. Ова е епилогот по денешната средба на претседателот на Комората Бранко Азески и претседателот на оппозициската ВМРО – ДПМНЕ придружувани од нивните тимови.

Нов економски договор и свртување кон стопанството, односно поставување за приоритет се пораките кои ги испрати Азески бидејќи веќе е испуштено во овој период а кризата ќе трае и наредната година.

За постоечките мерки Азески смета дека се задоцените бидејќи фокусот бил за домаќинствата и дека ги очекуваат владините мерки за помош кои треба да боидат соопштени идната недела.

Мицкоски пак проблемот го лоцираше во обидот за лично богатење на членови од владеачкото мнозинство и нагласи дека плановите на Владата за амортизирање на енергетската криза нема да се остварат бидејќи ќе чинат далеку повеќе од предвиденото а во Буџетот тие средства ги нема.

Околу договорот со Бугарија за набавка на струја Азески кажа дека количината која што ќе треба да се испорача делумно ќе ја поткрепи состојбата во стопанството но покрај цената има и технички прашања околу преносот на таа струја во Македонија кои допрва треба да се прецизираат.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе