Вести Економија Топ вести

Платите во место, цените до плафон – синдикатите чекаат повик, владата молчи – регионот влече потези

Граѓаните стравуваат, синдикатите предупредуваат – владата молчи. Цените на основите продукти постојано растат, а се погласни се најавите дека рафтовите во маркетите ќе останат празни. Овие заклучоци Сојузот на синдикати ги темели на последната анализа на потрошувачката кошничка за август. Да се набават основните продукти потребни се 42.234 денари.

Септември ќе биде уште пооскуден за граѓаните велат од ССМ, со оглед на почетокот на учебната година.

Регионот го вклучи црвенотто светло и освен цените ги штити и количините на дел од основните прехранбени продукти. Србија ограничи, со исклучок на Македонија и Албанија, извоз на млечни суровини, а од денеска Хрватска утврди продажна цена на шеќерот, продукт кој почна да се ретчи во маркетите.

Во Македонија цените растат, а на потег е владата. ССНМ, изработила долга листа на предлози кои чека повик за да ги испорача за намалување на ценовните шокови. ССМ реагира дека се наближува зимата, а владата сѐ уште не ги седнала на маса претставниците на работниците.

И политичките партии меѓусебно се препираат на тема економско-енергетска криза. Конкретни предлози и решенија нема.

Куповната моќ на граѓаните се ситни со рекордната инфалција која ССНМ соопшти дека е 16,8 отсто, односно дополнителни 6.000 денари за основните потреби на едно четирчлено семејство за потрошувачка кошницка од 42 илјади денари.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе