Вести Економија Топ вести

Бектеши: Маржата за трговија со струја ограничена на 10 проценти

Маржата за трговија со струја се ограничува на 10 отсто, а крајниот снабдуваш ЕВН Снабдување , наместо 50 ќе наплаќа 20 отсто маржа за струјата која ќе ја испорача. Со ваквата одлука министерот  Бектеши очекува   да се  намалат  високите трошоци за струја кои ги имаат и дел од институциите и фирмите, но тврди дека  за високите фактури  дел од нив се самите виновни,  затоа што на време не склучиле договори  за снабдување.

Државата ја ограничи маржата на трговците со струја на 10 отсто. А од 50 на 20 проценти се намалува и маржата за електирчната енергија која се испорачува од краен снабдува односно ЕВН Снабдување.

Министерот  Бектеши тврди дека дел од јавните институции, општини,  основни,  средни училишта, но и  фирми  се самите виновни што сега  добиваат за 50 отсто  повисоки  сметки, затоа што тие не успеале на време да склучат договори за снабдување со струја.

Очекува дека сега со ваквите маржи ќе се скратата трошоцуте за стурја  и на инситуциите и на  компаниите кои се на отворен пазар. Ограничувањето на маржите беше едно од барањата и на стопанските комори.

  • Што значи тоа, ако десегашната  цена е 400 евра по мегават час на  Хупекс берзата,  трговците  со стурја нема да може да ја продаваат по повисока цена од 440 евра. Правиме напори за цените да се намалат и на слободен пазар, вели Крешник Белтеши министер за економија  

Смета дека на  стопанственциите треба да им се помогне, но не на сите. Главно на оние  кои произведуваат и се извозници, за да не ги изгубат пазарите.

  • Ако ме прашувате мене лично оние компании кои веќе се субвенционираат од државата со парите кои се собираат од граѓаните мислам дека не треба дополнително да се субвенционираат тие се генерално лиценцирани фирми кои имаат големи профити и компании кои користат јавни добра, додаде Бектеши.

Се преговара и со соседните држави  во текот на престојната зима да не се  стопира извозот  на струја,  како што тоа во неколку наврати тоа  го направи Бугарија, а планот е од Србија тука да  се испорачуваат ресурси , а од тука,  електрична енергија. Бектеши рече дека се уште траат и преговорите со ТЕТО во слендиот период  да работи 24 часа, за да испорачува и струја и парно.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе