Енергетската криза во Европа се продлабочува откако Газпром утрово го запре снабдувањето со гас на Германија преку гасоводот Северен поток 1 поради како што тврдат редовно сервисирање на единствениот преостанат компресор на гасоводот.
Според најавите на официјална Москва гасоводот ќе биде вратен во функција во сабота со стариот капацитет од 20 отсто.
Според експертите ова е дополнителен удар врз веќе критичната состојба со гасот во Европа и ќе се одрази врз цените на енергенсите доколку Русија не го испочитува кажанота и не го врати гасоводот во функција.
Запирањето на испораката на гас може да предизвика домино ефект врз цените на енергенсите што секако ќше влијае и врз Македонија
Од утре вработените во јавниот сектор ќе мора да почнат да ги гасат климите компјутерите и светилките кога си заминуваат од работа бидејќи на сила стапуваат мерките за штедење кои ги најави Владата.
Ќе се гаси сето непотребното декоративно осветлување на фасадите, објектите и спомениците а на неопходен минимум ќе биде осветлувањето на патиштата, булеварите и улиците.
Во секоја установа ќе биде назначен раководител кој ќе треба да ја исполни бараната квота од 15 отсто помала потрошувачка на електрична енергија и да поднесува месечен извештај.
Мерките за штедење ги најави министерот за економија Крешник Бектеши на 16 август како еден вид на противудар на кризата која се оечкува во зимските месеци а ќе важат до 31 март идната година.
Таргетот од 15 отсто во бројки изнесува нешто над 20 гигавати струја кои би се заштедиле.
Од утре стапува на сила и Кризната состојба во енергетскиот сектор и во снабдувањето со топлинска енергија на Град Скопје. Кризната состојба ќе бие на сила до крајот на септември а потоа ќе ја продолжува Собранието до ркајот на грејната сезона односно до април идната година.
Со прогласувањето на кризната состојба Владата го отвара патот за субвенционирање на работата на државата ЕСМ со пари од Буџетот како и непречено обезбедување на топлинска енегргија за скопјани.
Огнен Чанчаревиќ
