Српското Министерство за рударство и енергетика им препорача на државната администрација, локалната самоуправа, државните претпријатија, стопанството и домаќинствата да ја намалат потрошувачката на струја и топлинска енергија, со што треба да се овозможи намалување на потрошувачката на енергија за 15 отсто во однос на истиот период лани.
За домаќинствата, предложените препораки се однесуваат на порационално користење, пред се на струја, а во препораките се предлагаат меѓу останатото и гаснење на светлата, ефикасни начини за користење на бојлерите, машините за перење алишта, грејните тела, начини за ефикасно готвење.
За администрацијата, стопанството и установите се препорачува порационално користење на јавното осветлување, ограничување на употребата на декоративното осветлување на јавните објекти, користење лед осветлување, подобрување на енергетската ефикасност, поставување соларни панели, префрлување од електрично греење на друг тип на греење и користење топлински пумпи, што треба да овозможи намалување на потрошувачката на енергија за 15 отсто во однос на истиот период лани.
