Вести Економија Македонија Најважни

Бесими чека поволен период за издавање на еврообврзница, во меѓувреме државата се задолжи кај домашните банки

Од  потребните 900-тини милиони евра за надминување на буџетската криза, државата за сега успеа да обезбеди само 50 милиони евра и тоа од домашна банка. Министерот Бесими на брифинг рече дека е земен кредит од Шпаркасе,  со каматна стапка од 2.5  одсто. Според него условите за издавање на еврообврзница во моментов не се поволни. Но, состојбата ќе се следи до крајот на годината, а до тогаш ќе се бараат нови начини и извори да се обезбедат потребните пари.

  • „Кредитот е земен за премостување на периодот до издавање на еврообврзница, бидејќи каматите во моментов се многу високи, 7,5% беа во мај, јуни. Сега е 6% каматата, но чекаме поволен период за да ја издадеме,“ кажа Фатмир Бесими, минситер за финансии.

Брифингот на Бесими се одржа,  по настанот во финансии на кои иако беа предвидени новинаркси прашања, протоколот одлучи да го затвори.

На настанот се потошиа нов договор за дополнителни 10, 3 милиони долари американска поддршка. Амбасадорката на САД  Брнс, посочи дека најголем предвизик за Владата  останува искоренувањето на корпуцијата и да се продолжи со реформите дури и тие да предзивикувата политички поделби.

  • „Недстига одговорност и  транспаретност.  Сето тоа може да ја одвлече  земјава од патеката на нејзиниот напредок. Знаеме дека еден од најголемите предизвици се корупцијата,  која го  поткопува  доброто  владеење и ја саботира економската  транспаретност.  Владините представници мора да  одговрат на овие предизвиици да ги исполнат очекувањата на јавноста и да ги исполнат стандардите за членство во ЕУ“, изјави Кејт Мари Брнз- амбасадорка на САД во земјава.

Во меѓувреме стопанството се уште  чека одговор од властите дали и што би  се прифатило од новните барања со кои сметаат дека минимално ќе се ублажи ударот од енерегтската криза и високите трошоци за струја. Бесими исто како и премиерот Ковачевски и останатите  економски министри во  Владата одговори  дека се уште  се разгледуваат предлозите и дека за бргу ќе се знае како ќе се делува.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе