И бариерата од 800 евра за магават час струја на слободниот пазар падна. Денеска во пикот од потрошувачката, односно во попладневните и вечерните часови, на унгарската берз „ХУПЕКС“’ еден мегават час струја се продава за 803 евра што е за дури 43 отсто повеќе од вчера кога цената беше 560 евра. За само еден ден поскапувањето на струјата на слодобнито пазар се движи од 34 до 43 отсто. Цената ќе продолжи да расте, па така утре мегават час струја ќе чини 748 евра додека во пикот од денот ќе се продава за 808 евра.
Фјучерските односно однапред договорените количини на струја кои ќе се купуваат во текот на последниот квартал на оваа година и во наредната 2023 се движат во рангот на 450 евра.
Предвидувањата на сите експерти се дека оваа зима ќе падне и барирата од илјада евра за мегават час, а тоа се должи ограниченото снабдување на западноевропските држави со рсуки гас како одмазда на официјлана Москва за военотехничката помош на Унијата кон Украина.
Очекувањата на енергетските експерти се дека до крајот на зимата оваа состојба нема да се менува многу, освен во случај на прекин на војната во Украина и одлука на Германија да увезува руски гас преку Северен тек 1 и 2. Додека пак, ако Германија, која доминантно влијае на цената на струјата на европските пазари продолжи со намерата за престанок на користење на рускиот гас, високите цени на енергијата ќе потрајат неколку години, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими
Покрај електричната енерагија цената на уште еден енергенс руши рекорди и втроглаво расте. Гасот во моментов се продава за 3.500 евра за илјада метри кубни но Дмитри Медведев, поранешен претседател на Русија и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, денеска преку социјалнитре мрежи им порача на европските лидери да се подготват за нов шок бидејќи до крајот на годината овој енергенс ќе чини пет илјади евра.
До шефовите на држави и влади на земјите од Европската унија. Во врска со поскапувањето на бензинот на 3.500 евра за илјада кубни метри, принуден сум да ја зголемам предвидената цена на 5.000 евра до крајот на 2022 година. Срдечни поздрави, изјави, порача Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
А руски „Гаспром“ најави дека до крајот на неделава на неколку дена ќе го завтори гасоводот „Сверен Тек 1“ преку кој се снабдува Германија поради „технички проблеми“ со компресори и останува да се види колку ова ќе влијае врз цената на двата енергенси на слободниот пазр односно берзите.
Огнен Чанчаревиќ
