Вести Економија Македонија Најважни

Владата допрва ќе разгледува дали и колку може да им помогне на компаниите да се справат со енергетската криза

Владата допрва ќе ги разгледува барањата на бизнисмените со кои барем малку треба да се ублажи ударот од високите цени на струјата кои компаниите ги плаќаат.

Иако стопанството веќе подолго време апелира дека им е потребна помош и тоа веднаш, премиерот Ковачевски рече дека во следниот период ќе се разгледа дали и колку има можност да се прават корекции и кај ДДВ-то за струја и кај маржата за електрична енергија на трговците.

Сепак рече дека некои од предлозите од бизнисот нема многу да помогнат затоа што цените на берзите се превисоки.

„Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е веќе намалено за електричната енергија. Ако треба ќе се намалува повторно, но тоа не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, ако знаеме дека таа е над 1000 евра поставена на слободниот пазар. Што се однесува до маржите на трговците со електрична енергија, прво треба да се направи анализа и тоа од страна на регулаторната комисија, да видиме колку се големи тие маржи и дали воопшто има маржи на овие цени на електричната енергија. Така да ова прашање веќе го разгледувавме на економскиот совет кој јас го свикувам за различни теми од економските прашања и штом ќе ги имаме пресметките, тогаш нормално дека ќе се интервенира во тој дел“ – изјави Ковачевски.

Уште еднаш посочи дека во следниот период ќе мора да се штеди на електрична енергија затоа што е скапа и за да може да ја имаме.

„Она што е клучно е да се направат заштеди секаде каде што е можно на електричната енергија, бидејќи се наоѓаме во период кога цените на електричната енергија се највисоки и се повисоки од која било економска логика, зборувам за целиот европски континент а она што го имаат како задача сите ресори во владата и компаниите кои што се во државна сопственост, тоа ќе мора да го испорачаат со цел да имаме непречено снабдување со електрична енергија.“ – додава Ковачевски.

Стопанствениците предупредија дека ако власта не им помогне и тоа веднаш, многу од компаниите ќе мора да затворат и да поделат откази, затоа што веќе не можат да се носат со високите трошоци за струја. Експертската јавност пак смета дека помош на бизнисот треба да му се даде, но добро да се осмисли кои фирми се приоритет, колку пари ќе може да се вбризгаат во стопанството и за колкав период ќе биде помошта.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе