Вести Економија Македонија Најважни

Бесими: Oдговoрност и штедење за ублажување на економскиот шок и инфлацијата

Цената на гасот ќе продолжи да расте а со тоа и инфлацијата во Европа и во регионот се додека трае војната во Украина и војната меѓу автократските режини од исток и демократските системи од Западот.

Најпогодени ќе бидат Германија и Италија порадзи зависноста од гас во индустријата односно производството на електрична енергија а тоа ќе се одрази на цената на струјата на слободниот пазар каде високите цени ќе се задржат уште неколку години поради доминантното влијание на Германија, смета министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој во неговата неделна колумна како заклучок наведува дека македонската економија, покрај инфлацијата ќе биде погодена и од високите цени на енергенсите а и од намалувањето на можноста за извоз во ЕУ.

„Нашата економија, како мала и исклучително отворена економија со изложеност од 140% од БДП и со околу 80% од извозот насочен кон ЕУ и 50% кон Германија, сосема е логично дека случувањата во ЕУ и Германија не засегаат. Тие во голема мера се одразуваат на економските движења кај нас“ – тврди Бесими.

Затоа според Бесими се потребни мерки за апсорбирање на надворешниот шок кои веќе се применуваат и долгорочно системско решение.

Субвенциите на производството на ЕСМ и намалувањето на ДДВ-то за електрична енергија се први и најлогични а гхо чинат Буџетот 50 милиони евра  но затоа ценаста на струјата на регулираниот пазар е пет пати пониска од онаа на слободниот.

За да се спречи растот на цената на чинење и продажната цена на струјата која во моментов изнесува 200 милиони евра мора да се почне со штедење на струјата како во јавниот сектор така и во домаќинствата а на среден рок да биде ориентација кон енергетска ефикасност.

Сепак според Бесими овие мерки може само да го амортизираат ударот а како долгорчна мерка за него е промени во приходната страна односно проширувањето на даночната основа која се подготвува во моментов и сузбивање на сивата економија со што дополнително ќе се полни Буџетот.

„Неопходно е ревидирање и рационализација на буџетските расходи. Тоа ќе значи и структурни реформи во кои работат ресорните министерства и институции, и тоа за оптимизација и зголемување на ефикасноста на државната администрација.Ревидирање на субвенции во земјоделство базирано на принос и обезбедување на стратешки производи, подобрување на перформансот на јавните претпријатија и натамошно намалување на сите неприоритетни трошоци – патни трошоци, дневници, електрична енергија, мебел и возила“ – посочува министерот за финансии.

На иста линија е и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која додава дека со реформите ќе се неутрализираат неправедностите во даночниот систем а сите забелешки на бизнис заедницата и експертите ќе бидат земени предвид.

Проценките на Владата се дека со даночното проширување во Буџетот ќе се слеат дополнителни 54 милиони евра, но тоа ќе зависи и од прогресивниот данок чие воведување од 1 јануари идната година се уште виси.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе