Вести Економија Македонија

Преспанските овоштари 2 часа со земјоделска механизација го блокираа патот кон Преспа

Преспанските овоштари денеска 2 часа со земјоделска механизиација  го блокираа патот кон Преспа кај месноста Макази,  со единствено барање, државата да им ги исплати штетите предизвикани од град и мраз во 2016, 2017 и 2018 година.

Велат дека се соочуваат со сериозни финансиски проблеми, зголемени трошоци за производство, со долгови и извршители, а исплатата на овие средства доцни со години.

„Исплатата да биде во најкраток можен рок, односно средствата за штети да бидат префрлени на наменската сметка на Општина Ресен. Крајниот рок е 29 август, во спротивно ние сме притиснати од извршители, долгови во земјоделски аптеки, за повеќе години да продолжиме со нашите протести“ – вели Љубе Пампулевски, претседател  на Здружение на овоштари „Благој Котларовски“од Ресен

„Трошоците многу се зголемија, зголемени се дневниците за работниците, поскапени се препаратите и ѓубрива од 50 до 150 насто“ вели Турџан Зенделовски, овоштар од Преспа.

Производителите велат дека најголем должник им е државата, која доцни не само со исплата на овие штети, туку нема поврат на ДДВ,  а нема ниту стратегија, ни организиран пласман.

„Ако е законска обврска на државата во одреден рок да ги префрли парите, да го направи тоа, да не мора за секоја мерка да протестираме“ вели Стевче Радевски, овоштар од Преспа

„Ако се реши пласманот, како што го решија Србија, Хрватска,  нема да има потреба од вакви протести, нема да има потреба од тие субвенции. Се ова што се дава е во ред но е социјална помош за нас. Се додека не се  обезбеди пазар за пласман на јаболкото, нема да има ефект“ – вели Малиќ Шемшедини, овоштар од Преспа.

Земјоделците бараат исплата на парите да се случи до понеделник, а во спротивно најавија радикализација на протестите.

Својот револт ќе го изразат со голем протестен марш, од Преспа до Скопје, пред Влада ќе се упатат со земјоделска механзиација

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе