Вести Македонија

Полицајците од утрово без здравствено осигурување- на лекар плаќале приватно или биле враќани, плаќале и за децата првачиња

Неколку полицајци реагираа до Телма и тврдат дека утрово кога биле на лекарски и на стоматолошки прегледи им било кажано дека немаат уплатено здравствено осигурување поради што прегледите и интервенциите мора да си ги платат само на приватно без употреба на парите од Фондот за здравствено осигурување.

За случајот потврдуваат и од Независниот синдикат на полицијата кои побараа МВР да го реши проблемот и да ги врати парите на полициските службеници. Особено е проблем и што без здравствено осигурување се и децата кои се осигурени преку родителите-полицајци.

-Во текот на 24.08.2022 год. на мејловите на телефоните на Независниот Синдикат  на Полицијата, пристигнаа повеќе од 50-тина известувања како поплаки по барање совет како да се справат со некои од вечните Неработници кои се по удобните канцеларии во седиштето на МВР. Денеска повеќе 10-тина вработени во полицијата приватно платија за прегледи, неколку од нив и за систематски прегледи за првачиња, за деца на полицајци кои треба да бидат запишани во прво одделение во учебната 2022/23 год, соопштија од НСП.

Од МВР велат дека се е платено и проблемите се надминуваат.

-За сите вработени во Министерството за внатрешни работи се уплатени придонесите во законски утврдените рокови, но настанат е проблем при пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос. МВР веднаш презеде мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот ќе биде надминат во најскоро време, одговорија од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запалени Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе