Вести Економија Македонија Најважни

Бизнисот алармира: Ако итно не им се помогне, многу фирми ќе згаснат

Многу фирми ќе затворат и ќе поделат откази ако државата итно не најде решение за високите сметки за струја кои ги добиваат.

Трошоците за електрична енергија,  во моментов се најголем проблем за стопанството.

Бизнисот иако пред околу еден месец испорача барања до Владата кои очекуваат минимално да им помогнат, од властите се уште нема одговор дали и кога  ќе бидат исполнети.

И додека чекаат било каква помош, веќе над 5.000 фирми  одлучиле да стават клуч на врата.

Од стопанската комора алармираат , ако веднаш не се преземе нешто, бројката ќе продолжи да расте.

Бараат и олеснување на процедурите за инвестирање во фотоволтаици.

Велат дека поради бирократските процедури од 40 до 45 мегавати фотоволтаици се инсталирани и се уште чекаат приклучок на мрежа.

Пред околу еден месец бизнисот на состанок со владините претставници побараа навремена и итна набавка на јаглен и мазут за ТЕЦ Неготино, Тето да работи цела година,  во случај да се прекине извозот  на струја.

Да се спречат злоупотреби од стопански субјекти кои се префрлаат на универзален снабдувач.

Иако владините предстваници тогаш потенцираа дека барањата на бизнсиот се прифатени,  од тогаш нема одговор зошто до сега ништо  не е исполнето. Сметата и дека и владините мерки за штедење  не се доволни и нема многу да помогнат.

Во следните денови се очекува да се прогласи и нова кризна состојба  на пазарот со струја.

Во  меѓувреме цената на берзите достигна и над 500 евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе