Вести Економија

Оризопроиводителите задутре на протест

Кочанските оризопроизводители одлучија на протести излегуваат во вторник, повторно во селото Облешево ќе го блокираат патот Штип-Кочани. Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците. Барањето е пред да почне жетвата да се одреди откупна цена, а бараат и средба со претставници од Владата.

На 4.500 хектари се очекуваат 22.000 тони ориз, но годинава се појавила болест. Во услови кога цената на нивниот производ на  берзите расте, во земајава нема зголемување.

Кочанските оризопроизводителите неколку пати протестираат, а заработија и пријава, бидејќи беа блокирани двете коловозни ленти на патот Штип-Кочани. Очекуваат да им се придружат и земјоделци од други региони.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе