Вести Економија Најважни

Погрешен тајминг за даночни реформи, потребна е борба со сивата економија

Наместо даночни реформи и поголеми давачки за оние кои веќе го полнат Буџетот, мерки за одлучна борба со сивата економија. Тајмингот е неповолен а дел од мерките не се развојни и поради тоа најавата е лошо прифатена од бизнис заедницата и од јавноста смета даночниот експерт Павле Гацов кој е на ставот дека е потреба промена во начинот на трошење на Буџетските средства.

Павле Гацов, даночен експерт

„Сите Влади досега, ако не ги притисне јавноста и ако нема висока политичка цена се обидуваат да се однесуваат комотно. Да дојдат до средства што ќе значи реализација на она што го ветиле во предизборната кампања без да се помачат системски или на терен, да се замерат со неплаќачите на јавни давачки. Да соберат повеќе данок од оние и така што плаќаат. Ова е препознатлив механизам. Ќе собираме од оние што плаќаат малку повеќе, колку да издржат.А не системски да се впуштиме во борбата со сивата економија, од нашите гласачи кои би се одмаздиле на следните избори ако дојде до посериозна реформа. Така да ова не е отстапување од однесувањето на сите досегашни Влади“, вели даночниот експерт Павле Гацов.

Даночните реформи кои ги најавува Владата имаат за цел да ја прошират даночната основа со што без да се измени даночната стапка номинално ќе се прибере повеќе данок а тоа сериозно ќе влијае врз микро и малите кои наместо да го полнат Буџетот ќе станат мнегови корисници а тука е и ризикот бизнисте да се селат надвор од Македонија.

Економските субјекти ќе ја пречекаат ваквата мерка и ќе се обидат да го преселат бизнисот надвор, оние што можат. Особено ИТ секторот бидејќи се најавуваат и прибирање на соцвијални придонеси. Некои ќе ги згаснат своите бизнис бидејќи јасно е во услови на оганичени маржи, зборувам за најмалите субјекти, они што се занимаваат со трговија, не можат да остварат доволно маржа. Тие не може да остварат доволно приходи а ќе треба да плаќаат уште повеќе давачки и тоа ќе биде причина од активни прибиратели на јавни приходи да станат корисници на буџетски раасходи што е дополнително оптоварување на Буџетот“, вели Гацов.

Гацов смета дел од предложените мерки не се развојни особено во делот со даночењето на реинвестираната добивка што е контрадикторно со државните мерки за субвенција на големите компании и е на ставот дека примената на прогресивниот данок повторно ќе биде одложена бидејќи има превисока политичка цена.

Со најавените реформи во даночниот систем Владата предвидува дека во Буџетот ќе се слеат дополнителни 54 милиони евра.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе