Вести Македонија

И по десет месеци се уште не работи Детското одделение во Охридската болница поради недостиг на педијатри

Десет месеци по затворањето на Детското одделение во Охридската болница поради недостиг на педијатри нема решение за овој исклучително сериозен проблем. Не само жителите, туку и туристите од земјава и странство  во Охрид се револтирани што во ноќните часови, во викендите и празниците, болните дечиња на преглед или за хоспитализација се принудени да ги носат до Струга.  За оваа катастрофална состојба во Општата болница во Охрид го прашавме  новиот директор Асен Шајн, но немаше време да одговори на прашањата на Телма. Кусо рече дека се бара решение.

Во координација сме со Министерство за здравство, во преговори сме, гледаме да најдеме најдобро решение за сите нас. Засегнат е нашиот град, нашата болница и целиот регион, се бара решение, рече Асен Шајн, директор на болницата во Охрид.

Во Болницата има само двајца педијатри, кои велат дека ваквиот начин на работи и недостигот на персонал е голем проблем. Во моментот на испомош се испратени двајца специјализанти, но тие не смеат да дежураат, па работи само детската  амбуланта  во две смени од 8 до 20 часот.  И од Министерството за здравство немаат конкретен одговор, велат  дека се бара начин за надминување на предизвикот со педијатрите во рамките на законските можности, а решение најавуваат на подолг рок.

Со цел да се обезбеди зајакнување во областа педијатрија за Охридскиот регион, токму преку специјализациите кои се предвидени во долгорочната стратегија се очекува надминување на оваа состојба на подолг рок.  Во тек е специјализација на 21 доктор од Охридската Болница на    педијатрија, интерна медицина, анестезиологија, гинекологија.  Дополнително зајакнување со специјалисти од повеќе области, меѓу кои и педијатри е предвидено со новата програма  на МЗ чија реалзација е во тек, се наведува во одговорот на Министерство за здравство.

Најголемиот туристички центар  во земјава, остана без болничко лекување за најмладите пациенти лани во ноември. Од тогаш во повеќе наврати од Министерството за здравство  најавуваат преодни и трајни решенија, но Охридската болница и натаму работи без детско одделние, поради што и жителите и туристите револтирано реагираат на оваа состојба која се пролонгира со месеци.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе