Вести Македонија Топ вести

Лавров: Како и со Украина, западот прави обид Македонија да стане „инструмент“ на анти-руската игра

Има разлика меѓу тоа што чувствуваат Македонците за Русија и она што го прават нивните политичари, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за годишнината на смртта на отец Методиј, македонскиот монах во познатиот руски Валански манастир.

Рускиот министер за надворешни работи го искористи ова пригодно интервју за да испрати сериозни дипломатски пораки до двете балкански држави кои се зачленија во НАТО Македонија и Црна Гора. Фи нарече инструмент во антируската игра на западот кој премногу ветувал особено на Македонија.

-Сега има огромна разлика меѓу она што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија, и она што нивните политичари се принудени да го прават од Брисел, ЕУ, НАТО. Тоа е обид да ги  направат „инструменти“ во антируската игра. Тоа, исто се обидоа да го направат и со Украина и со голем број други источноевропски земји, изјави Сергеј Лавров за „Асоцијација Наше Кино“.

-(Државата) стана Северна Македонија за тоа, за да влезе во ЕУ (каде тоа не помина и нема да биде прифатено наскоро иако е решено прашање). Наместо тоа, ја вовлекоа во НАТО, почнаа да подтпалуваат чувство на русофобија, на агресивна политика кон Руската Федерација, додава рускиот министер за надворешни работи.

По инвазијата на Русија врз Украина, Македонија се придружи на западните санкции кон Москва која возврати со ставање на државата на листата непријателски земји.

Пред украинската војна, Македонија протера неколку руски дипломати на што следуваше ист одговор, но сепак Скопје засега избегна да протерува руски дипломати во бранови како што имаше во Бугарија, Хрватска или Германија.

Иако последните актуелни случувања за македонските ЕУ интеграции, ја вклучуваа Бугарија, во интервјуто на Лавров нема ниту збор за нашиот источен сосед кој едвај го дигна европското вето за Македонија.

Русија е остар противник на евроинтеграциите на земјата, а Лавров ја продолжи праксата и со интервјуто во кое бидејќи станува збор за црковен медиум, позитивно се изразува за решавање на црковниот спор меѓу СПЦ и МПЦ.

На тој начин, било одговорено на како што вели Лавров, интригите на цариградскиот патријарх кој сакал да ги закопа односите меѓу православните цркви, пред се на македонската и српската.

МНР: Одлуките за членство во меѓународни сојузи Македонија ги носи водена исклучиво од сопствените интереси

Тоа со конечната одлука на СПЦ било спречено тврди рускиот министер кој најавува дека сега се овозможува повторно воспоставување на евхаристичко единство со Руската православна црква, за што Москва е заинтересирана.

Руската црква е во судир со Вселенската патријаршија, а многу често москосвската патријаршија е продолжена рака на политиката на Кремљ, што беше потврдено и со коментарите на московскиот патријарх Кирил за Украина.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе